Се предозира, доживеа инфаркт, зборуваше со вонземјани: Низ што сè помина Деми Ловато, пред да направи камбек?
Иако преживеала, Деми откри дека од предозирањето имала последици – имаше оштетување на мозокот, а доживеа инфаркт и дури три мозочни удари.
Покрај проблемот со зависностa, Деми се соочуваше и со нарушување во исхраната, односно булимија и анорексија.
Во 2010-та, таа поминала три месеци во центар за рехабилитација од нарушувањата.
Деми вели дека зборува за своите проблеми бидејќи смета дека многу други девојки се чувствувале исто како неа.
„Сметам дека ми e должност бидејќи посакувам јас да го имав тоа додека растев.
Имаше постари актерки кои зборуваа за нивните нарушувања во исхраната, но на 13 години, не можев да се поврзам со нив, особенo во период кога стандардите за убавина беа многу, многу опасни.
Тoа е причината зошто сум отворена за сите мои битки“.
Иако до 2021 година Деми веќе немаше проблеми со зависност, ниту со нарушување во исхраната, тогаш почна да привлекува внимание со нејзиното чудно однесување.
Таа сними документарец во кој го „докажува“ постоењето на НЛО и вонземјани, тврдеше дека самата била киднапирана од вонземјани, а во една сцена дури и им пееше.
Истиот период се прогласи за небинарен род, а имаше и бурна врска со актерот Макс Ехрич.
Тие се свршија за време на пандемијата, но се разделија по само неколку месеци. По раскинувањето, Макс беше уапсен за физички напад на неговата мајка.
Но, по бурната врска, животот на пејачката конечно тргна во нагорна линија.
Во 2022 година се вљуби во музичарот Џордан Лутес, а во мај годинава тие и се венчаа.
Пејачката неодамна го издаде и нејзиниот деветти студиски албум, со што официјално направи камбек.
Спирова С. | Црнобело