Деми Мур „коски и кожа“, Џоан Колинс како холивудска дива: Ѕвездите на отворањето на Канскиот филмски фестивал (фото)
- Детали
- среда, 13 мај 2026
Годинава Деми Мур ја има честа да биде дел од жирито на Канскиот филмски фестивал, па гордо зачекори на црвениот тепих на синоќешното отворање. Но, актерката повторно предизвика загриженост со преслабиот изглед. Џоан Колинс, пак, го донесе холивудскиот гламур во Кан и покажа дека изгледа одлично и на 92 години.

Синоќа (12.05) во Palais des Festivals во Кан свечено беше отворено 79-тото издание на Канскиот филмски фестивал.
На црвениот тепих се појавија Џоан Колинс и Џејн Фонда кои го донесоа холивудскиот гламур на настанот, а овде беше и Деми Мур.
92-годишната Џоан изгледаше беспрекорно со бел раскошен фустан и дијамантски накит.
Легендарната холивудска ѕвезда беше во друштво на нејзиниот сопруг, Перси Гибсон.
88-годишната Џејн пак носеше долг црн светкав фустан со впечатлив ѓердан.
Деми Мур блесна во бел светкав фустан и раскошен ѓердан, но повторно предизвика загриженост со преслабиот изглед.
На социјалните мрежи се коментира дека претерува со Оземпик и сериозно си го загрозува здравјето.
На отворањето присуствуваше и Хајди Клум која се појави со светол фустан, украсен со голем цвет на градите.
По неколкугодишно криење од јавност, на отворањето беше поканет и Џејмс Франко кој дојде со неговата девојка Изабел.
Џејмс Франо се соочуваше со обвиненија за сексуално вознемирување, поради што извесен период избегнуваше вакви настани.
Што се однесува до Деми Мур, годинава таа е дел од жирито на фестивалот.