Ја мразела ќерка ѝ, го врзувала син ѝ за кревет: Мрачната страна на актерката Џоан Крафорд
- Детали
- сабота, 02 август 2025
Џоан Крафорд е опишувана како „злобна и сурова личност“ дури и од нејзините деца. Син ѝ тврди дека го врзувала за кревет, а една од нејзините ќерки вели дека е сигурна дека мајка ѝ сакала да ја убие.

Како една од најпознатите актерки од „златната ера на Холивуд“, ретко кој не слушнал за Џоан Крафорд и ја знаат дури и оние кои немаат изгледно ниту еден филм од тој период.
Во долгата кариера, имала низа подеми и падови, а извесен период била нарекувана и „отров за боксофисот“ поради лошите перформанси на нејзините филмови.
Но, успеа да освои Оскар и беше постојано активна сè до 1970-тите, оставајќи големо наследство во индустријата.
Но, колку што била популарна, Џоан, наводно, толку била и злобна и огорчена – нешто што го тврди и нејзината ќерка.
Каква всушност била Џоан Крафорд зад затворени врати?
Ќерка ѝ напиша книга за да покаже колку била сурова
Џоан немала свои биолошки деца, но посвоила пет, а една од нејзините ќерки, Кристина, ја обвини за малтретирање.
Во 1978-ма, една година по смртта на актерката, Кристина издаде автобиографија со наслов Mommie Dearest во која ја опишува Џоан како една од најзлобните личности.
Таа вели дека мајка ѝ станала насилна откако наполнила 13 години.
„Тоа (малтретирањето) не се заборава. Беше лично. Некогаш ми се доближуваше до лицето и можев да видам во нејзините очи – можете да видите кога некој сака да ве убие“.

По издавањето на книгата, се огласи и другата ќерка на Џоан која, пак, тврдеше дека сестра ѝ лаже.
„Таа си живееш во свој свет. Не знам од каде ѝ се тие идеи. Мајка ми беше најдобрата мајка“.
На ова, Кристина одговори дека сестра ѝ е осум години постара и не ни била дома за да сведочи на малтретирањето.
„Мајка ми сакаше само кученца и фанови, не луѓе“.

И син ѝ има слични обвиненија
Посвоениот син на Џоан – Кристофер – ги потврди тврдењата на сестра му Кристина.
Во ретко интервју од 1978-ма, тој не ја нарекува Џоан „мамо“ или по име, туку ги користи само нејзините иницијали.
„Таа не беше мајка. Не ми беше семејство. Искрено, до денес не верувам дека некогаш се грижела за мене“.
Во истото интервју, Кристофер раскажува и како Џоан го казнувала.
Кога имал седум години и си играл со чкорчиња, за да го казни, Џоан го натерала да ја стави раката во каминот каде што имало запален оган. Вели, на раката му се направиле пликови и тој ден првпат избегал од дома.

Кога имал десет години, повторно избегал од дома и неколку дена спиел на улица и просел за пари за храна. Кристофер исто така вели и дека додека да наполни 12 години, таа го врзувала за креветот.
Кристофер има ќерка, а открива дека последен пат контактирал со Џоан кога таа била болна.
„Ѝ се јавив на Џ. К. и ѝ реков дека ами треба помош, дека на нејзината внука ѝ треба трансфузија на крв. Таа ми рече дека не ѝ била внука, дека сум посвоен. Оттогаш беше крај меѓу Џ. К. и мене“.
