Крвта не е вода: Хајди Клум и 21-годишната ќерка совршени во долна облека, позираат по критиките дека се непристојни
- Детали
- среда, 04 март 2026
„Многумина коментираат дека не е нормално мајка и ќерка да го прават ова, но моите деца се во ред со моето тело“ – има изјавено Хајди по критиките, а сега повторно позираше со ќерката во долна облека и покажаа дека се совршени и дека гените се чудо.

Ќерката на Хајди Клум, Лени (21) тргна по стапките на мама и веќе неколку години е активна во манекенските води.
Сега прекрасните мајка и ќерка, уште еднаш докажаа дека крвта не е вода, во кампања за италијанскиот моден бренд Intimissimi.

Хајди и Лени позираа во розова долна облека и изгледаат совршено, покажаа колку е силна врската помеѓу мајка и ќерка, но и јасно се гледа дека гените се чудо.
Инаку ова не е првпат двете да бидат во заедничка кампања, а во 2022 позираа за истиот бренд во долна облека, кога се соочија со критики дека изгледаат непристојно и несоодветно.
Хајди и Лени во 2022-ра
Сепак германскиот модел целосно ги игнорира коментарите и го живее животот како што сака, а така ја учи и својата ќерка.

Претходно, Хајди на темата за People има изјавено:
„Многу луѓе коментираат во стилот – Па не знам дали е во ред мајка и ќерка да го прават ова заедно... Но за нас? Тоа е нормално. Јас сум горда на ќерка ми.
Таа е во ред со мене и моето тело. Секогаш сум била отворена со моето тело. Кога се сончам во дворот, некогаш немам горен дел на мене.
Јас сум Европејка... моите деца ме знаат како таква и не гледаат на голотијата низ призма на сексуалност“.

Погледнете го видеото за новата колекција на Intimissimi:
Уште неколку фотки од последната кампања:




М. М. | Црнобело