Од дрога и врзување со синџири во установа, до инспирација: Како Дру Баримор избега од „проклетството на Холивуд“?
- Детали
- недела, 08 март 2026
До 11-годишна возраст, Дру Баримор била алкохоличар и зависник од дрога, а следната година отишла на рехабилитација. Откако му се вратила на порокот, на 13 години актерката била затворена во ментална установа каде што пациентите ги врзувале со синџири. И покрај бурното детството, денес Дру важи за инспиративна жена.

Дру Баримор ја почна актерската кариера уште пред да научи да чита, а до седумгодишна возраст веќе беше мала ѕвезда благодарение на улогата во E.T. the Extra-Terrestrial.
Бидејќи родителите не се потрудиле да ја заштитат од средината која не е воопшто соодветна за дете, до 11-тиот роденден Дру била алкохоличар, а веќе на 12-годишна возраст станала и зависничка од дрога.
Со вакво детство, секој би претпоставил дека Дру Баримор не ја чека светла иднина.
Но, денес проблематичните денови се зад неа и на 51-годишна возраст, Дру е актерка со импресивна кариера, а многумина ја сметаат за инспирација.
Па, како Дру Баримор ги надмина битките што повеќето веројатно не би можеле?
Нејзиното детство било сè освен нормално
Како што веќе спомнавме, Дру ја почна актерката кариера уште во детството. Но, покрај работната средина во Холивуд, ни домашната атмосфера не била најдобра.
Актерката има изјавено дека нејзиниот татко бил „насилен алкохоличар“ кој ѝ создавал трауми.
„Тој беше луд поет, хедонист и детинест маж. Но, како дете мислам дека го сфаќав“.
Иста била ситуацијата и со мајка ѝ која ја носела по дискотеки уште додека била дете.
„Наместо на училиште, ме носеше во елитни дискотеки. Немав никаква контрола бидејќи работев уште пред да наполнам една година, а поради ова пораснав многу брзо“.
Изморена од сè, на 14-годишна возраст Дру поднела барање за еманципација.
„Сакав одново да го почнам мојот живот. На денот на сослушувањето мајка ми ме поддржуваше, а ова значеше дека дозволува да живеам сама.
Се чувствував тажно, но ми се случија премногу работи“.
Денес дрогата е најголем кошмар за неа
До 12-годишна возраст, Дру Баримор била алкохоличар и зависник од дрога, во голема мера благодарение на мајка ѝ.
Актерката има откриено дека почнала да користи дрога во дискотеките кога излегувала со мајка ѝ.
Кога наполнила 12 години, отишла на рехабилитација.
Но, следната година повторно им се вратила на пороците, по што поминала неколку месеци во болница, поточно во психијатриска установа.
Пред неколку години сподели дека овде пациентите биле врзувани со синџири и целото искуство било мошне трауматично.