Од дрога и врзување со синџири во установа, до инспирација: Како Дру Баримор избега од „проклетството на Холивуд“?
Денес актерката се држи настрана од дрога, а на прашањето дали ѝ недостасува има изјавено:
„Боже, не. Помина многу време, но не. Ништо не ми изгледа како поголем кошмар“.
Води добра грижа за здравјето
Актерката вели дека главниот фокус сега ѝ се здравата исхрана и физичката активност.
Дури и на Инстаграм честопати споделува совети за здравје, како и нејзината рутина за вежбање.
Вели дека мајчинството ја променило
Дру има две ќерки, Олив и Френки, а вели дека тие ѝ помогнале многу за да си го среди животот.
„Среќна сум што сум мајка, што имам 45 години и што си ги средив приоритетите…
Мислам дека не го знаев значењето на животот пред да дојдат моите ќерки“, сподели актерката пред неколку години.
Истовремено, вели дека пробува да им даде слобода на нејзините ќерки и да не ги повтори грешките на мајка си.
„Пробувам да не проектирам. Ова е нивно патување, а јас сум овде да ги поддржам и да ги водам, да им дадам граници, но да се држам настрана од моето его“.
Презеде контрола над својата кариера
Со текот на времето, Дру Баримор почна да презема контрола над својата кариера и да прифаќа улоги што неа ѝ се допаѓаат.
Истовремено, почна да отвора и свои бизниси и брендови за убавина. Актерката сега има и своја емисија која се емитува веќе шест години.
Има издадено неколку книги, а секако овде се и бројните награди и номинации од актерската карера.
Прочитајте и: „Ме врзуваа со синџири, мислев дека никогаш нема да излезам“ – Дру Баримор во менталната установа каде беше затворена на 13 години
Спирова С. | Црнобело