Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс пробуваат да си ја подобрат репутацијата пред судењето – глумат среќен пар на спортски натпревар
По завршувањето на натпреварот, Блејк се симна на теренот за да се поздрави со дел од играчите, држејќи големо кадифено мече во рака.
На Инстаграм Стори, Блејк сподели и селфи со сопругот.
За околу два месеца, Блејк Лајвли треба да се соочи на суд со Џастин Балдони.
Целиот конфликт започна во декември 2024-та, кога Блејк Лајвли поднесе тужба против Балдони во која го обвини за сексуално вознемирување, како и започнување кампања за да ѝ ја уништи репутацијата.
Џастин одговори со контратужба од 400 милиони долари, како и тужба против New York Times за колумна во која пишуваат за обвиненијата на Блејк.
Сепак, тужбата на Балдони беше отфрлена во јуни минатата година.
Минатиот месец Блејк и Балдони имаа сослушување за спогодба, но по шест часа неуспешни преговори, актерката ја напуштила судницата.
Судењето е закажано за 18-ти мај, а мислењето на јавноста за целата ситуација уште е поделено.
Некои сметаат дека Блејк навистина е жртва и заслужува правда. Но, други сметаат дека таа е токсична личност и „разгалена дива“, а целта ѝ е само да му ја уништи репутацијата на Балдони.
Тие веруваат и дека Блејк сакала да ја преземе цела контрола над снимањето на филмот It Ends With Us, а сега го тужи режисерот бидејќи ѝ се спротивставил.
Има и полуда теорија – некои веруваат дека Џастин и Блејк имале афера, па актерката пробува да се извади од непријатната ситуација со тоа што глуми жртва.
Прочитајте и: Го влече за рака, го тера да позираат вљубено: Блејк Лајвли очајно пробува да си ја спаси репутацијата со Рајан Рејнолдс
Спирова С. | Црнобело