Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс пробуваат да си ја подобрат репутацијата пред судењето – глумат среќен пар на спортски натпревар
- Детали
- понеделник, 09 март 2026
Два месеца пред судењето со Џастин Балдони, на ретко појавување во јавност, Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс речиси цело време беа прегрнати. Тие гледаа фудбалски натпревар во Велс и иако делуваа како да не сакаат да привлекуваат многу внимание, сепак споделија страстен бакнеж.

Откако почнаа тужбите со режисерот Џастин Балдони, Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс сè почесто се држат настрана во јавност.
Во голема мера ова се должи на фактот што во јавност почнаа да се споделуваат детали од минатото на Блејк и Рајан што ги прикажуваат во не така добро светло.
Кога сфатија дека добрата репутација им се разнишува, тие поинтензивно се појавуваа на настани пробувајќи да го сменат мислењето на јавноста.
Но, на настан од пред околу една година Блејк беше „Уловена“ како го влече Рајан за рака и го тера да позираат.
По ова почна да се шпекулира дека секое нивно појавување е ПР кампања, па решија постепено да се повлечат.
Сепак, неодамна актерите повторно беа забележани како глумат среќен пар.
Блејк и Рајан беа фотографиран на фудбалски натпревар во Велс.
И двајцата во лежерни изданија, делуваа како да не сакаат да привлекуваат многу внимание, но на трибините сепак споделија страстен бакнеж.
Потоа поголемиот дел од натпреварот тие беа прегрнати, а во еден миг Рајан ја бакна Блејк во чело.