Чудни детали од врската на Бред Пит и Гвинет Палтроу: Ѝ љубоморел за успехот, не бил доволно софистициран за неа
- Детали
- недела, 15 март 2026
Бред Пит му се заканил на Харви Вајнштајн за да ја заштити Гвинет Палтроу, но ја малтретирал емоционално и вербално бидејќи почнал да љубомори на нејзиниот успех.

На почетокот од кариерата, Гвинет Палтроу беше во врска со Бред Пит.
Бидејќи актерот дотогаш беше холивудска ѕвезда, нивната врска беше меѓу најзборуваните од светот на славните. Тие и се свршија, но во 1997-ма решија да се разделат.
Чудни детали од нивната врска:
Се запознаа додека го снимаа Se7en
Во филмот на Дејвид Финчер од 1994-та, Бред Пит и Гвинет Палтроу глумат брачен пар.
Овој период Гвинет беше во своите рани 20-ти, па филмот ѝ беше како отскочна даска, додека Бред Пит веќе беше етаблиран како добар холивудски актер.
Не е познато како точно ја почнале врската, но тие открија дека се заедно откако заврши снимањето на филмот.
По најавата, постојано беа забележувани заедно, а Гвинет дури отиде и во Аргентина за да му прави друштво на Бред додека тој го снимаше Seven Years in Tibet.
Оделе кај истиот фризер
Со години наназад постои шега дека изгледот на Бред Пит се менува во зависност од неговата девојка. Односно, секогаш почнува да личи на жената со којашто е во врска.
Таков е случајот и во Гвинет Палтроу, а во еден период тие дури имаа и идентични фризури.
Кoга првпат се појавија со истите фризури, јавноста почна да се шегува дека оделе на ист фризер.
Многу години подоцна, откако веќе беа разделени, Гвинет призна дека фризурите им ги направил истиот стилист.
Сепак, на почетокот не било намерно, но штом сфатиле дека е забавно за јавноста, уште некој период продолжиле да носат идентична фризура, направена кај истиот стилист.
Бред Пит ја заштитил Гвинет од Харви Вајнштајн
Харви Вајнштајн отслужува затворска казна за силувањето и сексуалното вознемирување на бројни актерки.
Неговото однесување било јавна тајна, но бидејќи бил еден од најмоќните луѓе во Холивуд, повеќето одлучувале да замижат пред она што го прави.
Но, не и Бред Пит.
Откако Гвинет Палтроу му се доверила на Бред дека продуцентот ѝ давал непристојни предлози во хотелска соба, актерот решил да му се спротивстави.