Чудни детали од врската на Бред Пит и Гвинет Палтроу: Ѝ љубоморел за успехот, не бил доволно софистициран за неа
Според раскажувањето на Гвинет, додека биле на театарска премиера, Бред му се заканил.
„Беше исто како да го удри од ѕидот. За мене беше преубав гест бидејќи Бред ги искористи неговите слава и моќ за да ме заштити, во период кога уште немав своја моќ“, сподели актерката во интервју.
Бред бил вербално и емоционално насилен
На почетокот од нивната врска, Бред Пит беше далеку поголема ѕвезда од Гвинет. Но, додека беа заедно, и нејзината кариера тргнуваше во нагорна линија.
Бред се навикнал Гвинет да биде „домаќинката“, па таа била должна за готвење, средување на домот, планирање…
Па, кога Гвинет почнала да добива внимание и повеќе ангажмани, почнал да си го менува однесувањето.
Според некои извори, прво почнал да ѝ пререкува за нејзината облека и да ја критикува ако сметал дека е многу разголена.
Исто така, Бред го гледал нејзиниот успех како закана, па станал емоционално и вербално насилен.
Се свршија во 1996-та
Во 1996 година, додека беа во Аргентина, Бред Пит ја запроси Гвинет со прстен што самиот го дизајнирал. На денот на свршувачката актерката имаше 24, а тој 33 години.
Сепак, нивните блиски биле (непријатно) изненадени од свршувачката.
„Иако нивната врска е топ тема во многу медиуми, Гвинет и Бред немаат ништо заедничко“, сподели извор близок до парот.
Се разделија поради нивните разлики
Дури откако парот се раздели, на виделина почнаа да излегуваат чудни детали од врската.
Гвинет потекнува од богато семејство, додека Бред има поскромни корени.
Па, нејзините родители сметале дека не е доволно софистициран за неа и не биле најрадосни за свршувачката.
„Кога одиме во ресторани и нарачуваме кавијар, треба да му објаснувам кое е што“, има изјавено Гвинет додека беа заедно.
Имало и многу ситуации кога за настан се очекувало од Бред да се облече елегантно, но тој одел по фармерки и маица што понекогаш ја „срамело“ Гвинет.
„Единственото заедничко нешто им беше славата, но тоа не беше доволно“, има изјавено извор близок до парот.
Се појавија и гласини дека Бред Пит бил преморен до постојано излегување на Гвинет, како и дека актерката го изневерила.
Многу години по разделбата, Гвинет призна дека донекаде вината е нејзина. За разлика од некои извори, таа тврди дека татко ѝ го сакал Бред.
„Јас направив грешка. Имав 22 години кога го сретнав. Татко ми го обожаваше, но јас не бев подготвена (за сериозна врска)“.
Гвинет тешко ја поднела неговата венчавка со Џенифер Анистон
Во 2000 година, Бред Пит се венча со Џенифер Анистон, а во интервју, Гвинет беше прашана за новата љубов на бившиот.
Тогаш само ладно одговори:
„Дали сериозно ме прашувате ова?“
Сепак, извори блиски до актерката споделија дека многу тешко се справила со вестите за свадбата. Била и гневна и сметала дека Бред има „лош вкус за жени“.
Спирова С. | Црнобело