Нејзините родители ја посвоиле од чичко ѝ, ја штити од јавноста - Која е сестрата на Софија Вергара?
Софија и Сандра ретко се појавуваат заедно во јавност, но Сандра неодамна присуствуваше на промоцијата на брендот за убавина на Софија, Totti, во Мајами.
Откако се пресели од Колумбија во Америка, Сандра 4 години живеела со Софија во нејзиниот дом во Лос Анџелес, додека се обидуваше да се пробие како стилист и шминкер.

Во меѓувреме, доби можност да соработува со многу познати личности, меѓу кои и италијанската актерка Азија Арџенто, Бижу Филипс, Румер Вилис...
Имаше можност да игра и во некои од најпознатите серии во САД - „Miami Detectives“, „Cut Me“, „The Bold and the Beautiful“, а се појави во по неколку епизоди од нив.

На 24-годишна возраст Сандра почнува да работи како модел, а позираше за едиторијали на многу познати списанија, вклучувајќи ги Maxim и Esquire.
Неодамна, помладата сестра на Софија Вергара гради кариера во областа на продажбата на недвижности, па доби лиценца за агент и се приклучи на тимот на агенцијата Oppenheim Group.

Но, низ животот имала и многу премрежја.
Таа призна дека во минатото имала проблеми со алкохолот, што негативно влијаело врз нејзиниот живот.

Исто така имала и токсична врска во нејзините дваесетти години, но тоа е сега зад неа.
Во меѓувреме, Сандра се посвети повеќе на своето физичко и ментално здравје, има долгогодишен партнер со кој е среќна и почнува да гради позабележителна кариера отколку порано.

А. Ј. | Црнобело
