Не сака ни партнер ни деца, живее изолирано во замок со 12 мачки: Се сеќавате на ирската пејачка Ења?

Ирската пејачка Ења (Enya) стекна светска слава со хитовите како Only Time и Caribbean Blue. Но, и покрај огромниот професионален успех, Ења се држи настрана од јавност и живее во замок во Ирска со нејзините мачки, а и самата признава дека била „мрачна и тешка личност“.

ne-saka-ni-partner-ni-deca-zhivee-izolirano-vo-zamok-so-12-machki-se-sekjavate-na-irskata-pejachka-enja01.jpg

Ако името Ења (Enya) не ви звучи познато, сигурни сме дека ќе ги препознаете песните Only Time или Caribbean Blue.

Ирската пејачка Ења важи за еден од најпродаваните музички артисти, а бројни популарни пејачки имаат изјавено дека токму таа им била инспирација.

64-годишната Ења има освоено четири Греми награди од вкупно девет номинации, а во 2002 година, нејзина песна беше номинирана и за Оскар.

ne-saka-ni-partner-ni-deca-zhivee-izolirano-vo-zamok-so-12-machki-se-sekjavate-na-irskata-pejachka-enja-11.JPG

И покрај огромната популарност што ја имаше во раните 2000-ти, Ења одлучи да се повлече од јавниот живот, па сега живее сама, во замок, со нејзините 12 мачки. Таа нема сопруг, ниту партнер, а нема ни деца.

Замокот на Ења е лоциран во јужниот дел на Даблин, со поглед на Ирското Море.

Пејачката го купи во 1997 година, по цена од околу 3 милиони долари и оттогаш го нарекува свој дом.

ne-saka-ni-partner-ni-deca-zhivee-izolirano-vo-zamok-so-12-machki-se-sekjavate-na-irskata-pejachka-enja-07.JPG

Најблизок сосед ѝ е пејачот Боно Вокс од U2, за што Ења се има шегувано дека доаѓал до кај неа за да позајми шеќер.

Во ретко интервју, Ења и откри некој детаљ за нејзиниот дом.

„Однадвор изгледа како замок, но внатре е како вистински дом. Впрочем, ова е многу мал замок и се вљубив во него“.

ne-saka-ni-partner-ni-deca-zhivee-izolirano-vo-zamok-so-12-machki-se-sekjavate-na-irskata-pejachka-enja-12.JPG

Родена во Ирска, Ења потекнува од семејство со девет деца.

Уште од најрана возраст покажала љубов кон музика, поточно пеење и свирење пијано, а кариерата ја почнала во локална музичка група.

Во 1987 година ја издаде песната Orinoco Flow (Sail Away), која веруваме дека ја знаете, и ова ја направи ѕвезда преку ноќ.

Ења отсекогаш била личност која си ја цени приватноста, па се појавуваше во јавност само за да промовира нов албум.

Нејзините настапи во живо беа вистинска реткост, а сега е практично невозможно некој да ја убеди да излезе на сцена.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Бред Пит го избегнува бакнежот на девојка му Инес на премиера: „Врската им е лажна, сè е само глума“... Откако се појави видео на кое Бред Пит го избегнува бакнежот на девојка му Инес ...
Ја нарекувале „најгрдото дете“, помина 2 недели во затвор: Факти за Софија Лорен (што не сте ги знае... Мајката на Софија Лорен била толку сиромашна, што извесен период живееле под мос...

Најчитани неделава