Не сака ни партнер ни деца, живее изолирано во замок со 12 мачки: Се сеќавате на ирската пејачка Ења?
Последен пат Ења се појави во јавност во 2017 година, на доделувањето на Греми наградите бидејќи беше номинирана.
И, оттогаш ја нема видено никој. Дури и нејзиното семејство ретко кога има можност да ја види.
„Не ја гледаме многу често, Живее како кралица. Многу е изолирана“, има изјавено нејзин чичко за The Sun.
Друг близок извор до пејачката, пак, сподели дека Ења не била друштвена личност и не била пријател со кој би сакале да одите на пијачка.
Ења претставува мистерија и за нејзините соработници.
„Во музичката индустрија, не постои друга личност која е толку позната, а за која се знае толку малку.
Не се социјализира, реткост е да ја видите надвор од дома и во нејзините текстови немa апсолутно ништо за нејзиниот живот“, сподели друг извор за The Sun.
Во ретките интервјуа, и самата Ења признава дека е самотник кој не сaка внимание.
„Не навредувам никој ако не ми се оди во дискотека. Што се случи со правото на избор?
Ако мој албум е издаден веќе десет месеци и луѓето уште се фокусираат на мене, не ми се допаѓа тоа. Сакам мојата музика да биде позната, но самата не сакам да сум славна“.
Во една пригода, Ења сподели и дека нема најдено љубов, најмногу бидејќи е „мрачна и тешка личност“.
„Кој маж би можел да се адаптира на мене? Да се вљубам и да се венчам би било едно од најстрашните нешта што може да се случат…
Сум имала врски. Но, тешко е да најдам личност која, не дека е помалку важна од музиката, туку треба да ми даде простор за тоа.
Иако на почетокот некои разбирале, по некое време почнале да чувствуваат нешто како љубомора кон музиката“.
Покрај тоа што е личност која ужива во самотијата, Ења имала неколку непријатни ситуации со опседнати фанови, што веројатно има удел во нејзината одлука да се држи настрана од јавност.
Во 1996-та, Ења беше демнета од обожавател од Италија во период од скоро цела година.
Тој дури отишол и во пабот на нејзините родители во Ирска, а кога повикале полиција, самиот се прободел со нож.
Во 2005-та, пак, во нејзиниот замок упаднал маж кој ја нападнал нејзината куќна помошничка, додека пејачката успеала да се скрие.
За среќа, и двете жени поминале без повреди.
Спирова С. | Црнобело