Најголемите скандали на Тајгер Вудс: Бившата го бркаше со голф палка, редовно прави сообраќајки
Се соочи со тужба откако почина бармен од неговиот ресторан
Тајгер Вудс има ресторан во Флорида, а во 2018-та, бармен кој работел таму загинал во сообраќајка.
Голферот беше тужен за инцидентот бидејќи, според тужбата, барменот останал во ресторанот по завршувањето на неговата смена, каде што му служеле алкохол.
Испил огромно количество, а потоа му дозволиле да си оди дома со својот автомобил.
Сепак, на крај Тајгер беше ослободен од обвиненијата, а наводно направил спогодба со семејството на загинатиот бармен.
Уште една сообраќајка во 2021-ва
Во февруари 2021-ва, Тајгер Вудс преживеа сериозна сообраќајка. Со неговото возило удрил во знак, потоа во дрво и на крај излетал од автопатот.
Голферот се соочи со сериозни повреди и му беше направена итна операција на десната нога.
Овој пат тој не доби тужба бидејќи инцидентот навистина бил „само несреќа“, односно Тајгер не бил виновникот.
Доби тужба од поранешна девојка
Од 2017-та, Тајгер Вудс беше во врска со Ерика Херман.
Во 2023-та се дозна дека раскинале, откако Ерика поднела тужба со која барала да го раскинат договорот за молчење што го потпишале на почетокот на врската.
Според неа, договорот морало да се почитува дури и ако таа била жртва на сексуално насилство и малтретирање, и затоа сакала да го раскине. Истовремено, го обвини голферот за сексуален напад.
По неколку месеци, беше одлучено дека судењето треба да се одвива приватно, а по некое време Ерика ја повлече тужбата.
Најновото апсење за возење во алкохолизирана состојба
На 27-ми март годинава, Тајгер Вудс направи уште една сообраќајка, па беше уапсен под сомнение дека возел во алкохолизирана состојба.
Според надлежните, Тајгер пробал да претекне камион со приколка, но удрил во него, излетал од патот и неговиот автомобил се превртел. Успеал самиот да излезе од автомобилот без повреди.
Голферот беше приведен и ослободен истиот ден, а беше обвинет за возење во алкохолизирана состојба и оштетување туѓ имот.
Спирова С. | Црнобело