Најголемите скандали на Тајгер Вудс: Бившата го бркаше со голф палка, редовно прави сообраќајки

Скандалозниот период од животот на Тајгер Вудс почна во 2009-та, кога по расправија со девојка му за неговите афери, сакал да излезе со автомобил, но таа му ги искршила прозорците со голф палка.

najgolemite-skandali-na-tajger-vuds-bivshata-go-brkashe-so-golf-palka-redovno-pravi-soobrakjajki-01.jpg

Тајгер Вудс е американски голф играч, но бидејќи голфот не е спорт што е многу популарен во други држави, вклучувајќи ја и Македонија, тој е многу попознат по неговите скандали.

Периодов Тајгер повторно е во центарот на вниманието поради нов скандал – беше уапсен за возење во алкохолизирана состојба.

За него, ова не е ништо ново и низ годините имал бројни судири со законот, а овде се и бурните љубовни врски, многуте афери, но и тужбите од поранешни девојки.

Дел од најголемите скандали на Тајгер Вудс:

Во 2009-та удри со автомобил во хидрант

Во ноември 2009 година, Тајгер Вудс удри во хидрант пред неговиот дом, откако изгубил контрола врз возилото.

Тој влегол во автомобилот рано наутро, но уште пред да успее да излезе на улицата, удрил во хидрант и на крај удрил во дрво на негов сосед.

Но, ова не беше целата драма. Неговата тогашна сопруга, Елин Нордегрен, излегла од нивниот дом и со палка за голф му ги искршила прозорците на автомобилот.

Подоцна на полицајците им кажала дека ги скршила прозорците бидејќи пробувала да го извлече Тајгер од автомобилот.

Но, според некои извори, тие се расправале за аферите на голферот кога тој излегол од дома. Елин, гневна, го следела надвор и го нападнала.

Голферот не бил под дејство на алкохол, па беше обвинет само за немарно возење и доби казна од околу 164 долари.

najgolemite-skandali-na-tajger-vuds-bivshata-go-brkashe-so-golf-palka-redovno-pravi-soobrakjajki-002.JPG

Се разведе од Елин бидејќи сепак ја изневерувал

По сообраќајката, Тајгер и Елин не издржаа долго заедно.

Само неколку денови подоцна, почнаа да се споделуваат информации за наводните афери на голферот, а и неколку жени истапија со тврдење дека биле со него.

На крај, Тајгер призна вина, па дури и откри дека ќе правел пауза од професионалниот голф.

Во февруари 2010-та, тој јавно се извини:

„Знаев дека моите постапки се погрешни. Се убедив дека нормалните правила не важат за мене. Никогаш не помислив за оние што ги повредувам. Наместо тоа, мислев сам на себе...

Ги преминав границите што треба да ги следат паровите во брак. Мислев дека можам да се извлечам кога и да посакам.

Мислев дека целиот живот работев напорно, па затоа заслужувам да уживам во сите искушенија околу мене“.

Во август 2010-та, по речиси шест години во брак, Тајгер и Елин се разведоа

najgolemite-skandali-na-tajger-vuds-bivshata-go-brkashe-so-golf-palka-redovno-pravi-soobrakjajki-03.JPG

Во 2017-та беше уапсен за возење во алкохолизирана состојба

Во април 2017-та, на голферот му беше направена операција на грбот. Околу еден месец подоцна, тој направи сообраќајка со неговиот автомобил, а бил пронајден без свест од страна на полицијата.

Споре полицискиот извештај, тој немал алкохол во крвотокот, но споделил дека пред сообраќајката испил неколку силни лекови против болка.

Полицајците се сомневале дека е под дејство на алкохол бидејќи му направиле неколку тестови, па дури и го обвиниле за возење во алкохолизирана состојба.

Голферот направи спогодба и обвинението беше отфрлено, но тој почна да оди на терапија за зависноста од лекови. И овој пат мораше јавно да се извини:

„Ја разбирам сериозноста на она што го направив и преземам целосна одговорност за моите постапки. Сакам јавноста да знае дека не бев под дејство на алкохол.

Она што се случи беше неочекувана реакција од лекови против болка. Не сфатив дека комбинацијата од лекови има толку силно влијание врз мене“.

najgolemite-skandali-na-tajger-vuds-bivshata-go-brkashe-so-golf-palka-redovno-pravi-soobrakjajki-04.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Побарал помош кога се разбудил во локва крв, се дрогирал со лепило на 11 години – бруталното минато ... Том Харди почнал да експериментира со дрога на само 11-годишна возраст, а веќе д...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Две афери, украден мебел од Белата куќа: Скандали што Бил и Хилари Клинтон сакаат да ги заборавиме Бил Клинтон имаше две афери (кои ѝ се познати на јавноста), а со Хилари беа крит...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Посвоен син, ќерка што го смета за „пијаница“: Кои се (тајните) деца на Ози Озборн? Ози Озборн има дури шест деца, а оние најстарите велат дека бил лош татко бидејќ...

Најчитани неделава