Дру Баримор искрена за 2-те породувања со царски рез: „Стомакот ми е уништен, некогаш ми е тешко да си го сакам телото“
- Детали
- четврток, 09 април 2026
„Имам два царски реза и сум уништена таму долу. Пред неколку денови шетав со пократка маичка, а не можев да си ја закопчам јакната, па си мислев ’Не сакам никој да го види ова‘“ – искрено сподели Дру Баримор во нејзината емисија. Претходно актерката се има шегувано дека за време на двете бремености се чувствувала како кенгур.

Дру Баримор отсекогаш била отворена за предизвиците со кои се соочила во животот, а истото важи и за двете бремености.
51-годишната актерка има две ќерки родени во 2012 и 2014 година, кои ги доби со поранешниот сопруг Вил Копелман.
Дру двапати се породи со царски рез, а сега, во нејзината емисија сподели како ова се одразило врз нејзината самодоверба.
Самата бременост може драстично да го промени изгледот на женското тело, а кога пробувањето е со царски рез, овде се и лузните од операцијата.
Дру вели дека токму поради лузните некогаш се чувствувала како да си го мрази телото.
„Имав два царски реза и сум уништена таму долу. Не можам да облечам многу модели на панталони.
Пред неколку денови шетав и носев пократка маичка и не можев да си ја закопчам јакната. И додека шетав си мислев ’Не сакам никој да го види ова‘.
И јасно ми е, кога ќе добиете деца и имате зафатен живот и телото ви се менува и стареете и работите веќе не се исти. Навистина го разбирам ова“.
Актерката и претходно има зборувано за промените поради двете бремености.
Околу една година откако ја роди помалата ќерка, таа на шега рече дека се чувствувала како кенгур.
„По две бремености, боже, па нашето тело може да направи луди работи. Тешко е да останете позитивни и да се сакате себеси.
Се чувствував како кенгур, сè е виснато и чудно“, сподели актерката во интервју за магазинот Glamour.
Но, тогаш истакна и дека секоја жена треба да биде горда на телото што ѝ подарило дете.
„Лесно ја губам перспективата кога е во прашање изгледот на моето тело. Но, помислата колку е убаво што можам да имам деца ми помага да се приземјам“.
Актерката сподели и дека не секогаш може да биде позитивна.
„Во овие мигови вежбам, читам и минувам време со моите деца. Тогаш почнувам да ги гледам работите кои се поголеми од мене“.
Пред околу еден месец, во нејзината емисија, Дру зборуваше и за предизвиците кои ѝ ги носи менопаузата и се пошегува дека понекогаш се чувствувала како „мртва риба“.
„Не можам да излажам за ништо. Многу сум подуена и се чувствувам како риба која е на суво, како мртва риба“.
Дру отворено сподели дека е во перименопауза и скоро цела година немала менструација, но неколку дена пред емисијата добила.
„Само што наближував до првата година без менструација и се подготвував за менопауза, и добив. Стигнав до 11 месеци, но сега повторно сум на нула.
Се чувствувам непривлечно, хормоните ми се хаос, ништо ми нема смисла, раздразлива сум, подуена и емоционално нестабилна“.
Спирова С. | Црнобело