Камерон Дијаз (53) гордо ги покажа брчките: „Тие се знак дека многу сум се смеела и сум била среќна“
- Детали
- среда, 15 април 2026
Камерон Дијаз со години наназад одбива да користи ботокс и слични третмани за подмладување и важи за вистинска инспирација. Неодамна актерката беше фотографирана на филмски сет, каде што ја покажа својата природна убавина.

Камерон Дијаз стана една од ретките славни жени кои одбиваат да користат третмани за подмладување, како ботокс.
53-годишната актерка „крена раце“ од ваквите процедури бидејќи воопшто не ѝ се допаѓало како ѝ изгледа лицето по третманот.
Па, со секое појавување во јавност, Камерон гордо ја покажува својата природна убавина и не пробува да ги скрие брчките.
Камерон правеше десетгодишна пауза од актерската кариера, а но сега повторно е активна и неодамна беше забележана на сетот на нејзиниот нов филм.
Убавата актерка беше фотографирана во Њујорк додека снимаше неколку сцени со колегата Стивен Мерчант.
Во лежерна облека и минимална шминка, Камерон изгледаше одлично на филмскиот сет.
Во минатото Камерон користеше ботокс, но веќе неколку години нема направено никакви корекции на лицето.
„Не е тајна дека Камерон правеше мали корекции како сите останати во индустријата. Чувствуваше притисок да користи ботокс и слични третмани.
Но, не сакаше кога ѝ се менуваше лицето, па се откажа пред неколку години.
И, одлуката се исплати бидејќи изгледа фантастично и многу поприродно за разлика од другите жени на нејзина возраст“, сподели извор близок до актерката.
Во интервју од пред неколку години, Камерон и самата сподели дека жали што пробала ботокс.
„Имам пробано ботокс претходно… Ми го промени лицето на толку чуден начин што си помислив дека не сакам да изгледам така“.
Актерката истакна дека научила да си ги сака брчките, особено оние околу устата бидејќи, како што вели, тие се доказ дека имала живот исполнет со радост.
„Многу ги сакам. Тоа значи дека сум се смеела целиот мој живот. Си го сакам животот. Среќна сум“.
Спирова С. | Црнобело