„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк?
- Детали
- недела, 19 април 2026
„Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и Ирина никогаш немале цврст темел. Нивната врска беше заснована на физичка привлечност. Многупати сум бил со нив и некогаш не си ни зборуваат“, сподели извор за познатиот пар.

Додека беа заедно, Ирина Шајк и Бредли Купер беа омилениот славен пар на многумина. Никогаш не стапија во брак, но заедно добија ќерка и делуваа навистина среќно.
Ја почнаа врската во 2015 година, но се разделија во 2019-та, но заедно продолжија да се грижат за ќерка им, а според извори блиски до парот, моментално работеле на нова спогодба за старателството.
Ни Бредли ни Ирина не открија зошто се разделиле, но се шпекулира дека нивната врска сепак не била така совршена како што ја прикажуваа.
Кои се причините за разделбата на славниот пар?
Постојано се расправале
Врската на Ирина и Бредли била, во најмала рака, многу бурна. Имале периоди кога биле екстремно среќни, но честопати имале и жестоки расправии.
„Кога ќе се смиреа, брзо им се враќаа на караниците и се прашуваа дали е добро да останат заедно. Сакаа да ја продолжат врската за ќерка им, но не беа среќни“, сподели извор близок до парот.
Пред да стават крај, тие неколкупати раскинувале и се смирувале и наводно со месеци биле „мизерни“ пред да одлучат дека не можат да издржат заедно.
Со месеци не живееле заедно
Уште пред јавноста да дознае дека раскинале, папараците ја „уловија“ Ирина Шајк како го напушта нивниот дом со голем куфер.
Дотогаш односот им бил многу влошен, па според некои извори, неколку месеци живееле одвоено пред да раскинат.