„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк?
Дури и пред Ирина да се исели, тие ретко минувале време заедно.
„Ирина сака да си го заштити семејството. Бредли е фокусиран на работата и сака да ја искористи секоја можност.
Минуваат многу време одвоено. Живеат потполно различни животи и скоро никогаш не се заедно во истиот град“, сподели извор пред да се разделат.
Врската им се претворила во маркетиншки трик
Некои извори тврдат дека Ирина и Бредли сакале да раскинат многу порано.
Но, биле свесни дека ако останат заедно, тоа ќе се одрази подобро на нивните кариери.
Ова се случувало во периодот кога Бредли го снимаше A Star is Born.
„Веќе подолг период имаа проблеми, дури размислуваа и да се разделат кога ќе биде премиерата на филмот.
Разговараа за ова и решија да почекаат. Ги советуваа да го одложат раскинувањето бидејќи ќе биде лош маркетинг“.
Па, откако излезе A Star is Born, Ирина верно го придружуваше Бредли на промоциите, а заедно беа и на Оскари и Златни глобуси.
Немале ништо заедничко
Според некои извори, најголем проблем на Бредли и Ирина било тоа што немале ништо заедничко.
Додека Бредли сакал да минува време дома, Ирина повеќе уживала во излегувања.
„Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и Ирина никогаш немале цврст темел.
Нивната врска беше заснована на физичка привлечност. Многупати сум бил со нив и некогаш не си ни зборуваат“.
Шпекулации за Лејди Гага
Не недостасуваа шпекулации дека Бредли Купер почнал афера со Лејди Гага додека го снимаа A Star is Born.
Поради многуте озборувања, Лејди Гага самата реши да се огласи:
„Луѓето видоа љубов и тоа е она што сакавме да го видите. Нашата песна Shallow е љубовна песна, па ако артисти, важно е двајца цело време да бидеме поврзани.
Кога пеете љубовни песни, сакате луѓето да се чувствуваат така“.
И извори блиски до парот велат дека мала е веројатноста Бредли да имал афера, како и дека нивната врска веќе била завршена кога се појавила Лејди Гага.
Спирова С. | Црнобело