Го напуштил во детството, се заканувал дека ќе го киднапира: Во каков однос е Џастин Бибер со татко му?
Наводно Џереми го прекршувал законот и кога со него бил Џастин, па мајка му се плашела дека тој има лошо влијание врз него.
Во 2014 година и Џастин беше уапсен за возење под дејство на алкохол, давање отпор при апсење и возење со истечена возачка дозвола.
Изминативе неколку години загрижува и со своето однесување, па некои сметаат дека можеби татко му сепак бил негативно влијание, барем донекаде.
Чудни онлајн коментари
Бројни изјави на Џереми Бибер имаа предизвикано загиженост кај фановите на Џастин.
На пример, во 2015 година, во јавност протекоа голи фотографии од пејачот. Џереми го искористи моментот за невкусна шега за гениталиите на младиот пејач.
По многуте критики, Џастин проба да го одбрани татко му, тврдејќи дека таква му била смислата за хумор.
„Приватноста ми е е нарушена. Но, татко ми ја направи ситуацијата забавна.
Не мислам дека неговиот коментар беше вознемирувачки. Беше смешно. Татковците се такви“.
Џастин се зближи со Џереми благодарение на неговите други деца
Џереми Бибер има уште две деца кои ги доби со поранешната сопруга Ерин Вагнер.
Потоа со втората сопруга доби и ќерка, а исто така е и очув на нејзиното дете од претходен брак.
Возрасната разлика меѓу Џастин и неговите браќа и сестри е голема, па тој отсекогаш се гледал себеси како нивна татковска фигура.
На социјалните мрежи честопати споделува слатки моменти со нив, а токму оваа конекција му помогнала да се зближи со татко му.
Денес се во релативно добри односи
Можеби почетоците биле бурни, но Џастин тврди дека сега односот со татко му е многу подобар.
Тие објавуваат фотографии од нив, редовно си честитаат родендени, а Џереми честопати покажува колку е горд на Џастин.
Спирова С. | Црнобело
