Сите им го свртеа грбот, животите им се депресивни: Блејк Лајвли и Рајан сакаат да избегаат од Америка за да се „ребрендираат“
- Детали
- петок, 17 април 2026
„Постојано организираа дружби во нивниот дом, но одамна не направиле нешто такво. Блејк не одбива понуди за работа и луѓето од филмската индустрија се држат настрана од неа. Дури и да победи на судењето, нема да си ја поправи репутацијата“, вели извор близок до славниот пар, според кој актерите размислуваат да се преселат во Англија.

Сè до тужбата против режисерот Џастин Балдони, Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс беа меѓу омилените славни парови.
Откако се случи драмата со снимањето на филмот It Ends With Us, мислењето на јавноста е поделено – некои веруваат дека Блејк била жртва на Балдони, но други се сигурни дека актерката, поради некоја причина, пробува да му ја уништи репутацијата, а со тоа и кариерата.
Неодамна судија отфрли 10 од 13-те обвиненија на Блејк против Балдони, а судењето е закажано за 18-ти мај.
Репутацијата на Блејк, но и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс веќе е уништена, а сега извори блиски до парот споделуваат дека приватно, парот е подепресивен од кога било.
„Мислам дека Блејк е преморена. Целата ситуација е премногу за неа. Кога зборувате со неа, како да не е присутна“, вели извор за Daily Mail.
Блејк и Рајан изгледаа како да го имаат бракот од соништата. Во брак се 12 години, имаат четири деца, се дружеа со најголемите ѕвезди во Холивуд и имаа заедничко богатство кое се проценува на повеќе од 600 милиони долари.
Откако Блејк ги изнесе обвиненијата против Џастин Балдони, а тој почна да се брани, актерката не ги изгуби само фановите, туку се оддалечи и од блиските пријатели, како Тејлор Свифт.
„Постојано организираа дружби во нивниот дом, а сега мислам дека одамна не направиле нешто такво. Сметам дека сето ова ѝ е премногу.
Деновиве не се многу дружељубиви. Никој не вели дека имаат проблеми, но преокупирани се и сето е поради судењето. Стресно е“.
Целата ситуација се има одразено и на кариерата на Блејк која се чии дека сега не работи на никаков проект.