Шарлиз Терон се присетува на ноќта кога мајка ѝ го убила татко ѝ: „Ни се закануваше со пиштол, знаев дека ќе се случи нешто лошо“

„Мајка ми сфати колку е сериозна ситуацијата и истрча да го земе нејзиниот пиштол. Бевме во мојата детска соба и ја држевме вратата затворена бидејќи не се заклучуваше. Татко ми почна да пука кон вратата“, раскажува Шарлиз Терон за кобната ноќ кога мајка ѝ го убила татко ѝ во самоодбрана.

sharliz-teron-se-prisetuva-na-nokjta-koga-majka-go-ubila-tatko-ni-se-zakanuvashe-so-pishtol-01.jpg

Во детството, Шарлиз Терон се има соочено со траума која би оставил страшни последици кај секој.

Кога семеен конфликт ескалирал, мајка ѝ го застрелала татко ѝ за да се заштити себеси, но и за да ја заштити актерката.

Инцидентот се случил во семејниот дом на актерката во Јужноафриканска Република.

sharliz-teron-se-prisetuva-na-nokjta-koga-majka-go-ubila-tatko-ni-se-zakanuvashe-so-pishtol-05.JPG

Сега, ова интервју за The New York Times, Шарлиз се присетува на страшниот момент, истакнувајќи дека многу жени од нејзината родна земја се нашле во слична положба.

Сепак, тогаш актерката мислела дека таа и мајка ѝ се единствените жртви на такво насилство.

„Тогаш немав слушнато за таква приказна. Кога ова ни се случи мене и на мајка ми, мислев дека ние сме единствените.

Семејното насилство што го трпевме со мајка ми е нешто за коешто треба да се зборува бидејќи така ќе помогне другите жртви да не се чувствуваат сами. Ова веќе не ме прогонува“.

sharliz-teron-se-prisetuva-na-nokjta-koga-majka-go-ubila-tatko-ni-se-zakanuvashe-so-pishtol-12.JPG

Актерката, која тогаш имала 15 години, откри дека расправијата почнала откако со мајка ѝ отишле на кино, а кога се вратиле, не можеле да влезат дома.

Тој период, поради насилството што владеело во државата, многу луѓе ставале челични врати на своите домови.

Шарлиз сподели дека челичната врата од нивниот дом била заклучена, а клучот бил кај татко ѝ. Бидејќи тој честопати одел да пие кај брат му, чичкото на Шарлиз, со мајка ѝ отишле таму.

„Многу ми се одеше во тоалет, па истрчав во куќата на чичко ми за да влезам во тоалетот“.

sharliz-teron-se-prisetuva-na-nokjta-koga-majka-go-ubila-tatko-ni-se-zakanuvashe-so-pishtol-10.JPG

Сепак, татко ѝ сметал дека ваквото однесување е неучтиво и се разгневил бидејќи актерката не се поздравила со сите во куќата пред да отиде во тоалетот.

Според неа, во нејзината родна земја покажувањето почит на постарите се гледало како нешто многу важно.

По овој инцидент, расположението на татко ѝ, кој веќе бил пијан, само се влошувало и цела вечер ја малтретирал со прашања.

„Постојано ме прашуваше ’Зошто не застана да се поздравиш? Која мислиш дека си ти?‘“.

sharliz-teron-se-prisetuva-na-nokjta-koga-majka-go-ubila-tatko-ni-se-zakanuvashe-so-pishtol-09.JPG

Кога се вратиле дома, Шарлиз ја замолила мајка ѝ да ѝ помогне.

„Знаев дека татко ми ми е лут, па ѝ реков ’Кога ќе си дојде дома, те молам речи му дека спијам‘“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот н... „Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Мон...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ... „Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Посвоен син, ќерка што го смета за „пијаница“: Кои се (тајните) деца на Ози Озборн? Ози Озборн има дури шест деца, а оние најстарите велат дека бил лош татко бидејќ...

Најчитани неделава