Шарлиз Терон се присетува на ноќта кога мајка ѝ го убила татко ѝ: „Ни се закануваше со пиштол, знаев дека ќе се случи нешто лошо“
Актерката се присетува дека била преплашена и кога влегла во нејзината соба, легнала во кревет и се преправала дека спие.
„Мојот прозорец беше свртен кон паркингот и можев да познаам колку е гневен, фрустриран или несреќен според тоа како го паркираше автомобилот.
Едноставно, знаев дека ќе се случи нешто лошо“.
Татко ѝ пристигнал пред домот со пиштол, а со него бил и брат му. Со оружјето покажувал кон влезната врата и станало јасно дека се заканува дека ќе ги убие Шарлиз и мајка ѝ.
„Мајка ми сфати колку сериозна стана ситуацијата и истрча да го земе нејзиниот пиштол. Дојде во мојата соба. Двете ја држевме вратата затворена бидејќи не се заклучуваше…
Татко ми почна да пука кон вратата. И ова е најлудото нешто – не нè погоди ниту еден куршум. Лудо е кога ќе помислам на тоа.
Но, пораката беше многу јасна ’Вечерва ќе ве убијам‘, сето со поддршка од брат му“.
Татко ѝ почнал да се заканува и дека ќе земе пушка, па кога тргнал по оружјето, мајка ѝ на Шарлиз ја отворила вратата и пред неа го видела чичкото на актерката.
„Испука еден куршум кој се одби седумпати и го погоди во дланката. Тешко да се објасни.
Потоа отиде по татко ми кој дотогаш веќе го отвораше сефот за другото оружје, и го застрела“.
Подоцна таткото на актерката им подлегнал на повредите, но мајка ѝ не била обвинета бидејќи делувала во самоодбрана.
Шарлиз сподели дека вербалното насилство што го трпеле таа и мајка ѝ е честа појава во Јужноафриканската држава, но сите го толерираат како да е нешто нормално.
„Жените се соочено со многу, многу нефер ситуација. Никој не ја сфаќа сериозно ситуацијата во којашто се наоѓаат. Мислам дека никој не сфаќаше сериозно ни мајка ми“.
Таа додава и дека било нормализирано мажите да се алкохоличари кои се насилни кон своите жени.
„Имам сеќавања од периодот кога бев многу млада, кога гледав навистина пијани луѓе и ова ме плашеше.
Имаше ситуации кога луѓето се валкаа по подот пијани. Ова стана често – секој петок, секоја сабота, а можеби и секоја среда“.
Таткото на актерката дури си направил и бар во нивниот дом за да можат да се опиваат со пријателите.
„Беше страшен. Не ме удираше, но правеше лоши работи, на пример возеше пијан. Имаше многу вербално малтретирање, многу закани кои станаа нормални“.
По инцидентот, актерката вели дека мајка ѝ го давала најдоброто од себе за да ја заштити од траума.
„Следното утро ме испрати на училиште. Ми рече дека ќе го надминеме ова. Нејзината стратегија можеби не беше најздрава, но функционираше за нас.
Сакаше да заборавам на тоа. Тогаш немавме психијатри, па според мајка ми, најдобрата терапија беше да заборавиме што се случило“.
Следната година, Шарлиз и мајка ѝ се преселиле во Европа каде таа започнала кариера како модел.
По некое време се преселиле во Њујорк и Шарлиз сонувала да стане балерина, но по повреда на коленото, морала да се откаже од оваа кариера.
Во 1994-та, актерката сама се преселила во Лос Анџелес со надеж дека ќе стане актерка и по неколку значајни улоги, како во the Devil's Advocate, стана една од најдобрите и најпознатите холивудски актерки.
Во 2003 година таа освои и Оскар за маестралната изведба во филот Monster.
Спирова С. | Црнобело