Ја оставил првата сопруга за неа, па ѝ го скршил срцето: Краткиот брак на Џим Кери и колешката од Dumb and Dumber
- Детали
- сабота, 30 мај 2026
Уште пред да го финализира разводот од првата сопруга, Џим Кери потврди дека е во врска со колешката Лорен Холи. Се венчаа во 1996-та, но по само една година се разделија, а Лорен се соочуваше со секакви навреди – ја нарекуваа и спонзоруша.

Кога е во прашање љубовниот живот на Џим Кери, повеќето само знаат дека неговата поранешна свршеница изврши самоубиство.
По оваа трагедија, актерот немал сериозна врска ниту спомнал дека се гледа со некој.
Но, дали знаете дека тој имаше краток брак со колешката од Dumb and Dumber, актерката Лорен Холи?
Се шпекулира дека нивната врска почнала како афера, пред Џим Кери да се раздели од првата сопруга, а на кај актерот ѝ го скршил срцето на Лорен.
Детали за нивниот брак:
Се претпоставува дека Џим Кери и Лорен Холи се запознале во 1994 година, кога актерот отишол на аудиција за Ace Ventura: Pet Detective.
Тој период тој беше во брак со првата сопруга Мелиса.
Пред актерот да се прослави, Џим и Мелиса имале сериозни финансиски проблеми – додека Мелиса имала две работни места, Џим одржувал стенд-ап шоуа од кои заработувал по само 25 долари.
По пробивањето на актерот, нивниот брак не издржа и тие се разделија. Но, додека да го финализираат разводот, веќе се шпекулираше дека актерот почнал афера со Лорен Холи.
Тие соработуваа на Dumb and Dumber во 1994 година, а актерот го финализира разводот со Мелиса во 1995-та.
Во интервју, самата Мелиса има изјавено дека е убедена дека Џим ја изневерувал со колешката.
„Не треба да се инженер за да сфатите што се случило. Јас мислам дека нивната врска почнала многу порано отколку што кажуваат“, сподели Мелиса.
По многуте шпекулации, Џим Кери конечно призна дека е во врска со Лорен, но проба да го сврти разговорот на шега.
„Сакам да им кажам на луѓето дека ако купите весник и прочитате нешто за мене, треба да знаете 90% од тоа што го читате е лага. Потоа се фокусираат на мојот приватен живот.
Слушајте го ова ’Џим Кери е во романтична врска со колешката Лорен Холи‘. Јас не знам каде ги измислуваат овие работи.
Ние спиеме заедно 4-5 неделно. Дали тоа значи дека сме во врска? Не, секако дека не, ние сме само добри пријатели“.