Колку се лоши рецептите на Бруклин Бекам (кој пробува да стане готвач откако не успеа како фотограф)?
- Детали
- вторник, 05 мај 2026
„Неговиот рецепт за правење тост во тостер ми го промени животот“, гласи саркастичен коментар за едно од многуте видеа со готвење на Бруклин Бекам. Претходно, најстариот син на Бекамови си ја проба среќата како фотограф, но и тогаш се соочуваше со критики.

Додека да ја најде својата пасија, Бруклин Бекам им даде шанса на неколку кариери.
Има неколку соработки со познати модни брендови како модел, а извесен период пробуваше да стане фотограф – тогаш дури издаде и книга.
Но, веќе неколку години наназад, Бруклин се обидува да стане готвач. На Инстаграм редовно објавува негови рецепти, лансира свое шоу за готвење, а основа и свој бренд за лути сосови.
Сепак, уште откако почна да се занимава со готвење, Бруклин е на мета на шеги за неговите рецепти.
Некои се шегуваат младиот готвач само користи екстремно скапи состојки, а прави најобични работи, како тестенини со готов сос од домати.
Последно, 27-годишниот Бруклин беше критикуван за неговиот туна сендвич.
Во голем сад, тој измеша туна со уште неколку состојки, како мајонез и лимонов сок и на крај додаде од неговиот лут сос. Потоа направи сендвич со мешавината и малку го запржи во тава.
Иако можеби сендвичот не е лош, повеќето коментираат ова е толку едноставен, што не би требало да се најде на профилот на професионален готвач.
„Што е толку посебно во рецептот? Ова е нешто што знаат да го направат сите“.
„Смешно ми е како прави и наједноставни рецепти да изгледаат тешко“.
„Сигурно во следното видео ќе ни покаже како да свариме јајце“.
Само една недела претходно, на мета шеги се најде рецепт со тестенини на Бруклин, а некои спомнаа и дека уште го носел скапиот часовник што му го купи татко му.
Бруклин и негов пријател направија сос со доматна паста и хопла, како и вотка.
„Бруклин само свари тестенини“ и „Сигурно Гордон Ремзи е засрамен“, се само дел од коментарите.
На почетокот од неговата готвачка кариера, пак, Бруклин се појави во емисија каде што правеше традиционален англиски сендвич.
Целта на неговото гостување беше да ги промовира своите готвачки способности.
Но, го критикуваа бидејќи искористи веќе подготвено месо, а единственото готвење пред камерите беше тоа што испржи јајца.
Бруклин очигледно ја сака италијанската кујна, но се соочува со критики и за италијанските рецепти бидејќи ги „уништувал“.
Во една пригода правеше тестенини со школки, а додаде и хопла – состојка за која доби негативни реакции.
„Зошто става и хопла? Школки, лук, малку чили и вино се сосема доволно“, е еден од многуте коментари.
Неодамна Бруклин сподели и рецепт за пилешко со пармезан, но наместо да искористи стек, тој употреби мелено пилешко месо.
Иако имаше критики, некои сепак споделија дека би го пробале рецептот со мелено месо.
Генерално, младиот готвач е мета на шеги бидејќи за разлика од професионалните готвачи, нема соодветна обука, неговите техники ги опишуваат како аматерски, а и честопати користи премногу скапи состојки.
За неговите видеа со готвење се дебатира и на форуми и на социјалните мрежи, а и овде се споделуваат многу шеги.
„Неговиот рецепт за правење тост во тостер ми го промени животот“.
„Изгледав неговото видео каде што тестенините не беа сварени доволно, потоа само им додаде сос од конзерва и на крај изренда малку тартуфи врз нив. Не знам дали тоа навистина е готвење“.
„Мојата теорија е дека пораснал опкружен со лични готвачи и луксузни ресторани, па не сфаќа дека печениот компир е најлесниот оброк што ние обичните луѓе го правиме постојано. Мисли дека овие основни вештини за готвење се импресивни бидејќи за него се нови“.
Според коментарите на неговите објави, Бруклин има и многу поддржувачи, а и самиот има изјавено дека не планира да се оптоварува со лоши коментари.
„Искрено, навикнат сум на целата омраза. Искрено не ми пречи. Готвењето ме прави среќен. Треба да се грижам за многу поважни работи отколку лошите коментари на луѓето…
Секогаш има луѓе кои ќе пробаат да ве уништат. Јас го работам она што го сакам. Па, можат да продолжат да пишуваа што сакаат, но мене нема да ми пречи“.