Го носеше на турнеи, спиеја во иста соба: Каде е денес шимпанзото на Мајкл Џексон?
- Детали
- четврток, 30 април 2026
Во 1980-тите, Мајкл Џексон спаси 8-месечно шимпанзо од лабораторија и до раните 2000-ти не се разделуваше од него. Излегуваше со него, го носеше на турнеи, па дури и на забави со најголемите музички ѕвезди. Денес шимпанзото има скоро 50 години.

Мајкл Џексон важеше за ексцентрична личност, па веројатно нема да се изненадите од фактот дека чуваше и необични миленици, како жирафа и лама.
Можеби најпознатиот чуден миленик на пејачот беше шимпанзото Баблс (Bubbles) кое Мајкл го посвои во 1980-тите.
Во новиот филм за Мајкл Џексон – Michael – се вклучени дел од необичните миленици на пејачот, а покрај шимпанзото, кое беше најпознатото милениче, овде се и жирафата и ламата.
Во филмот не е искористено вистинско шимпанзо, туку CGI, за што режисерот беше пофален, додека вистинскиот Баблс уште е жив и веќе 20 години се наоѓа во резерват за мајмуни.
Како шимпанзото заврши во домот на Мајкл Џексон и каде е денес?
Мајкл Џексон го спаси шимпанзото Баблс во 1980-тите, од лабораторија во Тексас.
На почетокот, додека Баблс беше мал, Мајкл го чуваше во неговиот семеен дом во Калифорнија.
Во новиот филм е овековечен и мигот кога Баблс првпат пристигнува во домот на пејачот.
Очекувано, неговото семејство е запрепастено, а мајка му пробува да му докаже дека шимпанзото е диво животно кое не е погодно за милениче.
Во 1988 година, Мајкл го преселил Баблс на неговиот ранч Neverland и повеќе од една деценија беа неразделни.
Пејачот честопати излегуваше со шимпанзото, го носеше со себе кога одеше на турнеи, а Мајкл откри и дека имало свое креветче во неговата спална соба.
Мајкл го однесе Баблс и до Јапонија, а тој се појави и во негов музички спот.
Овој период, Баблс беше можеби најпопуларното шимпанзо и „се дружеше“ со некои од најпознатите музичари, како Џон Бон Џови.