Го носеше на турнеи, спиеја во иста соба: Каде е денес шимпанзото на Мајкл Џексон?
Но, во раните 2000-ти кога Баблс пораснал, почнал да се однесува агресивно – нешто што е нормално за диви животно.
Пејачот најмил тренер за животни, но по некое време сфатил дека шимпанзото сепак не е животно што може да го припитоми и да го чува како милениче.
Па, во 2005 година, го однел во засолниште за големи примати во Флорида, познато како Center for Great Apes.
Баблс уште се наоѓа во истото засолниште, а според неговите негуватели, дефинитивно ужива во животот.
На некој начин, пејачот се грижи за Баблс и по својата смрт бидејќи во голема мера, засолништето е финансирано од парите на Мајкл.
Додека се снимаше филмот Michael, се појавија лажни шпекулации дека шимпанзото било користено на снимањата.
Од засолништето веднаш ги негираа шпекулациите.
Во изјава за Daily Mail, негувателите од засолништето споделија дека Баблс е срамежлив, но и дека сака да слика.
„Ни го дава сликарското платно само кога ќе заврши и неговиот стил е навистина експресивен“.
Тие открија дека Баблс има свое семејство во засолништето и минува многу време со нив.
„Омилена активност му е дружбата со шимпанзата. Деновите ги минува со другите шимпанза кои одамна му се како семејство.
Сака да дреме попладне, а обично си легнува во 18 часот и спие до следното утро.“.
Баблс има скоро 50 години и неговиот живот е мирен. Засолништето не е отворено за јавност, па како што велат негувателите, тој има можност да „старее достоинствено“.
Спирова С. | Црнобело