„Парада на кретени“, „матурска за славни“: Познати личности кои ја презираат Мет галата (но не ја одбиваат поканата)

Били Ајлиш

На само 19 години, во 2021-ва, Били Ајлиш имаше удел во организацијата на настанот. Но, вели дека ова искуство ѝ ја променило перспективата за забавната индустрија.

„Она што ми беше најчудно е тоа што сфатив дека славните луѓе се буквално никој. Најобични луѓе и тоа е многу чудно“.

Таа сподели и дека најпознатите луѓе биле здодевни и целиот настан не делувал како пријатен собир:

„Сите беа засрамени и несигурни за она што треба да го кажат или прават“.

И покрај лошото искуство, Били Ајлиш беше на Мет гала и во 2022 и 2023 година.

parada-na-kreteni-maturska-za-slavni-poznati-lichnosti-koi-ja-preziraat-met-galata-no-ne-ja-odbivaat-pokanata-05.JPG

Гвинет Палтроу

И Гвинет Палтроу имала лоши искуства на Мет галата.

„Нема да одам никогаш повеќе. Беше многу досадно, имаше многу луѓе и воопшто не уживав“, изјави актерката во 2013-та.

Таа додаде и дека настанот е далеку полош од она што го гледаме на фотографиите.

„Си помислив дека ќе биде гламурозно, дека ќе видам многу славни луѓе. Но, кога стигнав, само беше многу топло, многу гужва и сите ме буткаа. Беше напнато и не беше забавно.

Канје Вест имаше настап и беше гневен – дури и го фрли микрофонот. Целиот настан беше драма“.

Актерката потоа се појави уште двапати на настанот – во 2017 и 2019 година.

parada-na-kreteni-maturska-za-slavni-poznati-lichnosti-koi-ja-preziraat-met-galata-no-ne-ja-odbivaat-pokanata-06.JPG

Лизо

По Мет галата во 2022 година, Лизо искрено го сподели своето мислење на Инстаграм. Се пожали дека морале да стојат многу долго време, иако сите гости носеле неудобна облека.

„Моравме да чекаме. Се потев во палтото, ме болеа стапалата“.

Лизо вели дека и кога влегле внатре не била нешто воодушевено.

„Немаше столчиња за седење, немаше коктели. Си помислив зошто не може некој да ни даде да седнеме или да се напиеме нешто?“

Таа вели и дека кога допреле до барот, изборот бил премногу ограничен, и покрај тоа што картите чинат мало богатство.

„Многу беа скржави со алкохолот. На барот ме прашаа дали сакам бело или црвено вино, а ја сакав текила. Со часови бев во тесен корсет и во неудобни чевли, само сакав да се напијам една текила“.

Лизо неколкупати има отидено на Мет гала, а во неколку наврати, на шега го нарече настанот „матурска прослава за славни“.

parada-na-kreteni-maturska-za-slavni-poznati-lichnosti-koi-ja-preziraat-met-galata-no-ne-ja-odbivaat-pokanata-07.JPG

Куана Чејсинхорс

Куана, која е познат модел, првпат се појави на Мет галата во 2021 година.

Но, вели дека била разочарана бидејќи се надевала дека ќе сретне нови луѓе, но на настанот била игнорирана бидејќи не е толку позната.

„Се сеќавам дека стоев настрана, ги гледав другите и се чувствував осамено. Многу, многу осамено. Никој не ме знаеше, никој не сакаше да разговара со мене. Луѓето одат на овој настан само за себе и тоа е премногу очигледно“.

По лошото искуство, Куана сфатила дека овој настан не е за неа, иако потоа повторно отиде на Мет гала.

„Јас не сум елитист. Мојот пат во оваа индустрија е многу поразличен бидејќи ми се чини дека поради моето домородно потекло, постојано треба да рушам бариери“.

parada-na-kreteni-maturska-za-slavni-poznati-lichnosti-koi-ja-preziraat-met-galata-no-ne-ja-odbivaat-pokanata-08.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Брчки, подбрадок: Како изгледаат лицата на славните на Мет гала 2026, без Фотошоп и филтри? Без Фотошоп и бројни филтри, Крис Џенер сепак не изгледа како жена со 40-тина го...
Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...

Најчитани неделава