„Парада на кретени“, „матурска за славни“: Познати личности кои ја презираат Мет галата (но не ја одбиваат поканата)
- Детали
- понеделник, 04 мај 2026
„Нема да одам никогаш повеќе! Мислев дека ќе биде гламурозно и убаво, но само беше многу топло, со премногу луѓе и сите ме туркаа“, сподели Гвинет Палтроу за нејзиното непријатно искуство на Мет гала. Кои други славни личности не се воодушевени од настанот (иако имаат отидено по неколкупати)?

Мет галата важи за еден од најпрестижните настани во светот на модата, но не значи дека секој има добро мислење за неа.
Настанот се одржува во музејот Метрополитен во Њујорк, а целта на гала свеченоста е да се соберат пари за музејот.
Со Мет галата се одбележува и отворањето на пролетната изложба одделот за мода во познатиот музеј.
Гостите плаќаат мало богатство за да присуствуваат, а самиот настан личи и на модна ревија. Секоја година има различна тема поврзана со изложбата, а гостите носат креации од врвни дизајнери.
Но, додека некои го гледаат настанот како престиж, други не се многу воодушевени, а овде спаѓаат и некои познати личности.
Славни личности кои отворено зборуваа за лошата страна на Мет галата:
Зејн Малик
Зејн Малик присуствуваше на Мет галата во 2018 година, со неговата тогашна девојка Џиџи Хадид. Тој вели дека немал поим што е поентата на настанот, а отишол бидејќи неговиот стилист го натерал.
Во интервју, пејачот суптилно спомна дека нема добро мислење за оние кои сакаат да одат на настанот.
„Мет галата не е нешто на коешто би сакал да одам. Подобро ќе си седам дома, ќе правам нешто продуктивно, отколку да носам скапа облека и да позирам на црвениот тепих.
Да одам на настанот и да се фалам со изгледот, тоа не сум јас“.
Тина Феј
Познатата комичарка има изјавено дека не планира повторно да оди на Мет гала, а откри и дека со сопругот имале жестока караница кога еднаш биле поканети.
„Имам отидено само еднаш, изгледа како парада на кретени. Очигледно, нема да отидам уште еднаш.
Настанот се одржува на прекрасно место, но таму ќе сретнете секакви идиоти кои носат нешто глупаво. Се качувате по скалилата, а јас со мене го довлечкав и сопругот кој уште ми нема простено.
Сите се на Мет галата, па ако сакате да ги удрите сите што ве нервираат, ќе ви требаат милион раце“.
Џенифер Гарнер
Џенифер Гарнер првпат се појави на Мет гала во 2007 година и оттогаш се нема вратено, а целиот настан го опишува како страшен.
Тогаш актерката носеше црвен фустан од дизајнерот Валентино Гаравани, кој ѝ правеше и друштво на настанот.
Иако вели дека организацијата била одлична, не ѝ се допаѓало тоа што не можела да оди во тоалет.
„Нема да го цените одењето во тоалет сè додека не го зашијат фустанот на вас“.