Бракот на Блејк Лајвли и Рајан во криза: „Ја молеше да се откаже од судењето, сега е гневен бидејќи го уништи и него“
- Детали
- петок, 08 мај 2026
„Рајан ја молеше да се откаже, но Блејк беше многу упорна. Сфати дека кога е таква, најдобро да ја остави да прави што сака, но беше гневен бидејќи ова имаше влијание и врз неговата репутација врз Холивуд. Блејк стана токсична и на Рајан не му се допаѓаше тоа“ – случајот со Џастин Балдони лошо се одразил врз бракот на славниот пар.

Во понеделникот, Блејк Лајвли ги изненади сите со своето појавување на Мет гала, откако само неколку часа претходно го реши спорот со режисерот Џастин Балдони.
38-годишната актерка, која претходните години доминираше на Мет гала, повеќе од една година избегнуваше јавни настани.
А, кога сега конечно се појави, дојде без сопругот Рајан Рејнолдс со кој инаку беа неразделни.
Случајот со Џастин Балдони, кој Блејк го обвинуваше и за сексуално вознемирување, лошо се одрази врз репутацијата на актерката, но и на Рајан Рејнолдс.
Па, се шпекулира дека сега и нивниот брак е во криза.
Извори блиски до парот тврдат дека парот нема проблеми, но дека Блејк сакала моментот на Мет гала да биде само нејзин. Иако, дел од јавноста ја критикува дека нејзиното појавување на настанот е само дрско.
Изворот откри и кога Блејк одлучила да се појави на настанот.
„Рајан не дојде со Блејк бидејќи сметаа дека овој момент треба да биде нејзин. Штом ѝ стана јасно дека постои можност да направи спогодба со Балдони, Блејк одлучи да оди на Мет галата.
Според неа, ако сè се одвива по план, Мет галата ќе биде како победа со која покажува дека уште е овде и подготвена е да продолжи понатаму.
Веќе не дозволува оваа судска битка да ѝ го диктира животот и сака да се врати на работа и одново да си ја изгради кариерата. Тоа што беше на Мет гала ѝ го зголеми егото и ѝ се допаѓаше што уште се зборува за неа“.
И покрај тврдењата на изворот, други шпекулираат дека на Рајан му било „преку глава“ од целата драма и со месеци ја молел Блејк да направи спогодба за да се избегне судење.