Бракот на Блејк Лајвли и Рајан во криза: „Ја молеше да се откаже од судењето, сега е гневен бидејќи го уништи и него“
Рајан и самиот беше вплеткан во случајот, откако Џастин Балдони и него го обвини за клевета.
Беа споделувани и пораки во кои Рајан го навредува Џастин и го понижува.
Друг извор близок до парот вели дека иако Рајан не секогаш се согласувал со Блејк, сепак ја поддржувал.
„Рајан и Блејк беа обединети додека се случуваше сето ова, но не беа секогаш на иста страница. Тој ќе ја поддржуваше што и да се случеше, но сепак мислеше дека треба да направи спогодба и да продолжи понатаму.
Ова беше лошо за неа, лошо за нивните кариери. Поминаа низ многу стресен период. Рајан генерално крена раце и престана да се меша. Блејк сакаше да ја докаже својата поента.
Јас не сум сретнал личност која е толку убедена дека е во право. 100% веруваше дека е во право и сакаше да го докаже тоа“.
Изворот додава дека имало периоди и кога Рајан бил фрустриран.
„Рајан ја молеше да се откаже, но беше многу упорна. Сфати дека кога е таква, најдобро да ја остави да прави што сака, но беше гневен бидејќи ова имаше влијание и врз неговата репутација врз Холивуд.
Тие се многу блиски, а Блејк стана токсична. И, на Рајан не му се допаѓаше тоа“.
Последниве неколку месеци, Рајан и Блејк целосно престанале да разговараат за случајот:
„Рајан само слушаше додека Блејк се жалеше. Имаше ситуација пред околу една година, кога Блејк зборуваше и зборуваше за случајот, а Рајан само молчеше. Сигурно оттогаш ситуацијата се влошила“.
Пред случајот со Џастин Балдони, Рајан и Блејк беа пример за среќен пар со стабилен брак.
Иако сега се во криза и на Рајан не му било сеедно за целата ситуација, изворите велат дека не помислуваат на развод.
„Ја сака и ја поддржува, но исто така знае дека требаше да направи спогодба уште минатата година.
Но, Блејк самата требаше да го сфати тоа. Рајан не сакаше да ѝ рече дека бил во право, но сепак беше во право“.
Блејк и Рајан избегнуваат да зборуваат за целата ситуација.
Спирова С. | Црнобело