Блејк Лајвли го реши спорот со Џастин Балдони, па гордо прошета на Мет гала 2026 – зошто ја критикуваат?
- Детали
- вторник, 05 мај 2026
На големо изненадување на сите, на Мет гала 2026 се појави и Блејк Лајвли. Само неколку часа претходно, таа направи спогодба со Џастин Балдони, што значи дека нема да се соочат во судница. Не се познати деталите од спогодбата, а ни Џастин ни Блејк не понудија јавно извинување.

Низа славни личности ја бојкотираа синоќешната Мет гала главно поради вклученоста на Џеф Безос и Лорен Санчез во организацијата на настанот.
Голем дел од јавноста не очекуваше да се појави ни Блејк Лајвли поради нејзините приватни проблеми, односно драмата со Џастин Балдони.
Но, Блејк не само што се појави, туку само неколку часа пред настанот го реши и спорот со режисерот.
38-годишната актерка беше во одлично расположение, а на настанот се појави во балски фустан со пастелни розови, жолти и виолетови нијанси.
Корсетот на фустанот беше украсен со сребрени везови.
Фустанот е креација на Versace од 2006 година, а на црвениот тепих актерката сподели дека бил инспириран од „изгрејсонцето, зајдисонцето и акварелите“.
Блејк ја дополни комбинацијата со мала чанта, која ја украсиле нејзините деца.
Таа сподели и дека се чувствувала почестено што е присутна на настанот.
„Чест е да присуствувам овде со Донатела (Версаче). Не сум била на Мет гала откако го родив четвртото дете.
Секоја година сум поразлична верзија од себе… Па, тоа што имам можност да бидам овде со мојата денешна верзија и сите искуства што ги имав, ми е важно.
Исто ми е важно и да останам дома во моите деца во пижами. Тоа што можам да ги правам и двете работи, е чест за која секогаш ќе бидам благодарна“.
За две недели, Блејк Лајвли и Џастин Балдони требаше да се соочат во судница, по двегодишната битка во која се обвинуваа за клевета, прекршување договори, па и сексуално вознемирување.
Неодамна, судот отфрли десет од 13-те обвиненија на Блејк против Џастин, а сега актерката и режисерот успеале да постигнат договор и да го избегнат судењето.
Целата драма почна со снимањето на It Ends With Us, а во заедничка изјава, тие открија дека и двајцата се горди на филмот чија цел била да се подигне свесноста за жртвите на семејно насилство.
„Свесни сме дека процесот имаше предизвици и сфаќаме дека загриженоста на г-ѓа Лајвли треба да биде слушната.
Остануваме посветени на работна околина без несоодветно однесување“, гласи дел од изјавата.
Интересно е што во изјавата нема извинување ниту од Блејк, ниту од Џастин, туку тие само велат дека се надеваат дека сето ова ќе го остават зад нив.
Не е познато што содржи спогодбата на Блејк и Џастин, но со тужбите и двајцата бараа огромни суми.
Најпрво Блејк бараше оштета од 161 милион долари, обвинувајќи го Џастин за клевета.
Режисерот возврати со контратужба за клевета и бараше дури 400 милиони оштета.