Бурни реакции откако на Блејк Лајвли ѝ одбија 10 обвиненија против Џастин Балдони: „Ќе заврши како Амбер Херд“
- Детали
- петок, 03 април 2026
Откако судија отфрли дури 10 од 13-те обвиненија на Блејк Лајвли против Џастин Балдони уште пред да почне судењето, јавноста со бурни реакции го покажа поделеното мислење. Некои навиваат за Балдони и велат дека правдата конечно била задоволена, но други истакнуваат дека ова воопшто не е доказ дека тој е невин.

Нешто повеќе од еден месец пред судењето на Блејк Лајвли и Џастин Балдони, целиот случај доби неочекуван пресврт.
Вчера (02.04) федерален судија во Јужниот округ на Њујорк отфрли мнозинство од обвиненијата на Блејк Лајвли уште пред да се појават на суд.
Од 13 обвиненија, тој отфрли дури 10, вклучувајќи ги и оние за вознемирување, клевета и заговор.
Па сега, Блејк ќе оди на суд со само три обвинија против Џастин Балдони, вклучувајќи и едно за прекршување на договор.
Според судијата, некои од тужбите на актерката зависеле од тоа дали таа се сметала за вработена во правна смисла. Бидејќи таа не била класифицирана како „вработена“, обвиненијата не можело да одат на суд.
Ова е всушност голема победа за Џастин Балдони, но сепак не е дефинитивен доказ дека тој е невин.
Односно, ќе треба да се почека судењето, каде што ќе бидат изнесени сите докази за обвиненијата што ќе одат на суд.
Блејк Лајвли се огласи преку нејзиниот правен тим:
„Овој случај отсекогаш бил и ќе остане фокусиран на одмаздата и чекорите што обвинителите ги презеле за да го уништат угледот на Блејк Лајвли, бидејќи таа се залага за безбедност на снимањата – и токму тоа е случајот што оди на судење“.
Од нејзиниот тим додадоа и дека Блејк едвај чека да сведочи на судењето.
Актерката го тужеше Балдони за сексуално вознемирување, а и ова е меѓу одбиените обвиненија.
Нејзиниот правен тим појасни што значи тоа:
„Сексуалното вознемирување нема да оди на суд не бидејќи обвинетите не направиле ништо погрешно, туку бидејќи судот одлучил дека Блејк Лајвли била хонорарец, а не вработена“.
Нормално, се огласи и правниот тим на Џастин Балдони:
„Задоволни сме што судот ги отфрли сите обвиненија за сексуално вознемирување…
Ова беа сериозни обвиненија и ние сме благодарни што судот внимателно ги разгледал фактите, законот и многуте докази кои беа доставени.
Она што е останато е значително намален случај“.
Мислењето на јавноста е многу поделено за целиот случај уште од самиот почеток.