Бурни реакции откако на Блејк Лајвли ѝ одбија 10 обвиненија против Џастин Балдони: „Ќе заврши како Амбер Херд“
Факт е дека Блејк Лајвли си ја уништи репутацијата изминативе година-две – нешто што самата тврди дека е по заслуга на Балдони.
Но, дел од јавноста не ѝ верува и смета дека актерката не само што лаже, туку дека таа пробувала да му ја уништи репутацијата на Џастин.
„Знаев дека ќе се случи ова. Таа нема ништо, а Џастин имаше огромни докази дека лаже. И не беше само Блејк, да не заборавиме дека и Рајан Рејнолдс ѝ помагаше. Никој нема да сака да работи со нив после ова“.
„Џастин треба да слави. Оваа злобна жена многу му наштети“.
„Се надевам дека ќе ја суди како Амбер Херд и ќе ѝ ги земе сите пари“.
„Замисли да ги уништиш твојата и кариерата на сопругот, да ги изгубиш сите славни пријатели, па сега ова. Кармата ќе ги стигне сите“.
„Му должиш многу. Треба да преземеш одговорност. За секој напис што ја искривуваше вистината, за секој миг кога неговото име беше прикажано во лошо светло, треба да има јавно извинување“.
„Проба да уништи невина личност. Мило ми е што Џастин се извлече“.
„Добро е што маж ѝ е милијардер, бидејќи веќе никој никогаш нема да ја ангажира“.
Од друга страна, дел од јавноста смета дека ова не значи дека Џастин е невин. Некои и строго ја заземаат страната на Блејк:
„Луѓето не сфаќаат дека шират дезинформации. Правното отфрлање на тужбата не значи невиност. Особено кога случајот уште е во тек“.
„Некои обвиненија беа отфрлени поради правни технички детали, не бидејќи се докажале како лажни. За другите уште ќе одат на суд…“
„Ја казнуваат бидејќи зборува за проблемите?“
„Сексуалното вознемирување треба да се третира како криминално дело!“
„Сите треба внимателно да прочитате што се случува пред да коментирате. Судијата ги отфрлил обвиненијата бидејќи ова се случило во Њу Џерси, а не во Калифорнија. Исто така, таа е хонорарец и не може да направи ништо преку федерално право. Ова не значи дека Балдони е невин“.
Почетокот на судењето на Џастин и Блејк е закажано за 18-ти мај, во федерален суд во Њујорк.
Спирова С. | Црнобело