Тејлор Свифт се чувствува искористено, Џиџи Хадид ја игнорира: Зошто најдобрите пријателки ѝ свртија на Блејк Лајвли?
- Детали
- сабота, 17 мај 2025
Блејк Лајвли и Тејлор Свифт важеа за најдобри пријателки, сè до обидот на актерката да ја вмеша во случајот против Џастин Балдони. Поради истиот случај, Блејк веќе не се дружи ни со Џиџи Хадид, а наводно сите пријатели од Холивуд почнале да ѝ вртат грб.
Додека го чека судењето со режисерот Џастин Балдони, кое е закажано за следната година, Блејк Лајвли пробува да си ја спаси репутацијата, но и пријателството со Тејлор Свифт.
Актерката и пејачката важеа за најдобри пријателки, сè до почетокот на драмата со Џастин Балдони.
Имено, иако Тејлор ја молела Блејк да не ја вмешува во целата ситуација, сега актерката официјално ја навела пејачката како сведок во судењето, па таа добила и судска покана.
Блејк и Тејлор се блиски со години и живеат во исто соседство во Њујорк. Истовремено, Тејлор е и кума на трите ќерки на Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс.
Но, сега Тејлор се чувствувала експлоатирано од Блејк и одлучила да стави крај на пријателството.
Проблемите на Блејк почнаа кога го обвини Џастин Балдони за сексуално вознемирување на сетот на It Ends With Us.
Потоа Џастин ѝ „се одмазди“ со контратужба не само против неа, туку и против Рајан Рејнолдс, а ја вмеша и Тејлор Свифт. Според режисерот, пејачката била присутна на важен состанок за филмот кој се одржал во домот на Блејк и Рајан.
Извор близок до пејачката вели дека таа отишла на гости кај Блејк и Рајан и точно е дека состанокот бил почнат, но таа не слушнала и не видела ништо.
И Блејк тврдела дека Тејлор е важен сведок во целата ситуација бидејќи, наводно, имала важен удел во целата продукција на филмот. Но, пејачката го негира сето ова и се чувствувала искористено бидејќи Блејк ја вплеткала и неа.
„Тејлор Свифт нема стапнато на сетот на филмот, не беше вклучена во кастингот или кои било креативни одлуки. Не пишуваше музика специјално за филмот, го немаше ни изгледано неколку недели по премиерата.
Единствено Тејлор даде дозвола да се искористи нејзина веќе постоечка песна во филмот“, вели извор близок до пејачката.
Иако Џастин бил првиот кој ја спомнал Тејлор, адвокатот на Блејк бил тој кој ја предложил како сведок, по што била поканета на суд. Имено, не било првпат Блејк да ја користи популарноста на Тејлор за да добие нешто, но сега ја преминала секоја граница.
„Тејлор е свесна дека Блејк го експлоатира нејзиното име веќе некој период, но тоа што е наведена како сведок е уште полошо“, вели извор близок до пејачката.
Поради ова, некои извори велат дека Тејлор е подготвена да стави крај на долгогодишното пријателство со Блејк.
Но, Тејлор не е единствената блиска пријателка што ја изгуби Блејк поради случајот со Џастин Балдони. Блејк беше особено блиска со Џиџи Хадид, но наводно сега моделот целосно ја игнорира.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





