Истепал проститутка, ѝ го пукнал силиконскиот имплант на жена: Најголемите контроверзии на Џек Николсон
Наводно ѝ ги оштетил силиконските импланти на жена
Џек Николсон целиот живот имал проблеми со темпераментот, а обвинет е за физички напад од неколку жени.
Според една наводна жртва на актерот, кога почнале да се расправат, тој ја удрил силно во градите, па едниот од имплантите ѝ пукнал.
Неколку години подоцна, актерот беше обвинет за напад на проститутка.
Според неа, таа и нејзина пријателка биле најмени од Џек, а кога дошло време за плаќање, тој се разгневил:
„Стана насилен, не прашуваше за какви пари сме зборувале и рече дека никогаш не би платил за секс бидејќи можел да спие со која жена и да посака“.
Според жената, актерот ја фатил за коса и ѝ ја удрил главата од подот. На крај, ѝ исплатил околу 30.000 долари оштета.
Има шест деца со пет различни жени
Од 1962 до 1968 година, Џек беше во брак со актерката Сандра Најт. По разводот сподели дека никогаш повеќе нема да се венча, како и дека моногамијата не е за него.
Па, низ годините имал бројни љубовници – според некои гласини, спиел со над 2.000 жени.
Тој има добиено и шест деца од пет различни жени.
Најстарата ќерка, Џенифер, ја одби со сопругата. Потоа со актерката Сузан Анспач доби уште едно дете. Но, тој не признаваше дека детето е негово со децении.
Доби син и ќерка со Ребека Брусард, и уште една ќерка со моделот Вини Холман.
Неговото најмало дете, Теса, е родено во 1994-та.
Не сака да ја види најмалата ќерка
Џек Николсон никогаш јавно не кажал дека Теса Гурин е навистина негова ќерка, а и таа самата има изјавено дека немала никаков однос со него:
„Во целиот мој живот, не сум имала никаква врска со него. Иако додека бев мала одев од Њујорк во Лос Анџелес по барање на мајка ми, секогаш беше јасно дека тој не сака да биде дел од мојот живот“.
Девојката вели и дека не ѝ е јасно зошто тато ѝ толку ја презира.
Имаше проблеми со дрога
Покрај развратот, Џек Николсон навистина уживал во консумирањето дрога.
Има изјавено дека многу сакал кокаин и редовно го користел. Според неговата поранешна партнерка Анџелика Хјустон, актерот користел кокаин како да е кафе.
„Не претеруваше, но кога беше уморен, знаеше да земе кокаин, како да е еспресо“.
Неговиот проблем со дрога бил добро познат во Холивуд, а во еден период бил толку лош, што актерот дури изгубил и улога.
Во 1990-тите откако почнал да се е соочува со здравствени проблеми, но и откако изгубил неколку пријатели поради дрога, почнал да се ослободува од порокот.
Спирова С. | Црнобело
