Сакаше Бонд девојка, се ожени со ќерка на свој пријател - Кои се најголемите љубови на Ричард Гир?
- Детали
- недела, 17 мај 2026
Ричард Гир, еден од најголемите холивудски шармери во 1980-тите и 1990-тите, е човек со бурен љубовен живот. Но, три дами успеаја да го одведат пред олтар.

Долго време го носеше епитетот на „вечен ерген“, но сепак, три жени го маѓепсаа толку многу, што се венча со секоа од нив.
По двата развода, Ричард живее во Шпанија, со помладата сопруга која е ќерка на негов пријател.
Кои жени се најголемите љубови на Ричард Гир?
Синди Крафорд: 1991-1995
Гир во 1991 година, на свои 42, се ожени со супермоделот Синди Крафорд, која во тоа време за многумина беше најубавата жена на светот.
Се запознаа во 1988 година, кога таа беше на врвот на својата манекенска кариера, а тој етаблирана филмска ѕвезда.
Нивната романса во чекор ја следеа и медиумите, кои ги нарекуваат „најубавиот холивудски пар“.
Тие се венчаа во 1991 година во Лас Вегас, на интимна церемонија на која присуствуваа само нивните кумови.

Наместо бурми, си разменија едноставни сребрени нараквици.
Бракот постојано им беше „под лупа“ со многу публицитет, па се разведоа во 1995 година.
Синди подоцна призна дека била премлада за брак (во тоа време имаше само 25 години) и дека со Ричард не работеле доволно на својата врска.
Но, и разликата во годините (Гир беше 17 години постар) и нивниот различен начин на живот доведоа до проблеми во бракот.
По разводот, Синди се омажи за Ренди Гербер, во 1998 година, со кого има две деца, ќерката Каја и синот Присли.

Kери Ловел: 2002-2016
Откако се разведе од Синди, Ричард пронајде љубов со Кери Ловел, американска актерка и поранешна манекенка, која е позната и како Бонд девојка од филмовите за тајниот агент 007.
Нивната врска беше многу постабилна и траеше многу подолго од неговиот прв брак.
Гир и Ловел се запознаа кон крајот на 1990-тите и брзо започнаа романса.
Кери веќе беше двапати мажена и имаше ќерка од претходна врска.
Се венчаа во 2002 година - во тој период Ричард беше многу посветен на будизмот и хуманитарната работа, додека Ловел ја поддржуваше неговата страст за медитација и духовност.
