Сакаше Бонд девојка, се ожени со ќерка на свој пријател - Кои се најголемите љубови на Ричард Гир?

Двојката во 2000-та доби син, Хомер Џејмс Џигме Гир, крстен по таткото на Ричард и неговата посветеност на тибетската култура.

По повеќе од 10 години брак, одлучија да се разведат во 2013 година.

Разводот беше долг и комплициран, траеше дури три години, а спорното прашање беше околу поделбата на имотот, бидејќи богатството на Гир тогаш се проценуваше на околу 250 милиони долари.

Главните причини за разводот пак, според медиумите, беа различните погледи на животот - додека Гир претпочиташе тивок, повлечен начин на живот, Ловел сакаше големи настани, медиумско внимание и гламур.

sakashe-bond-devojka-se-ozheni-so-kjerka-na-svoj-prijatel-koi-se-najgolemite-ljubovi-na-richard-gir-06.jpg

Аленандра Силва: 2018 - денес

По два брака и пропаднати бурни љубовни врски, Гир ја пронајде вистинската љубов со Алехандра Силва, шпанска хуманитарка и публицистка која е 33 години помлада од него.

Тие се сретнале во 2014 година, а се познавале од претходно - преку семејни пријатели, а Ричард се дружел и со нејзиниот татко.

Силва во тоа време поминуваше низ тежок период, бидејќи била во процес на развод од својот прв сопруг, американскиот милијардер Говинд Фридланд, со кого има син.

Гир ја освои со романтични гестови -  ѝ испраќаше цвеќе, песни и писма, покажувајќи колку многу се грижи за неа.

sakashe-bond-devojka-se-ozheni-so-kjerka-na-svoj-prijatel-koi-se-najgolemite-ljubovi-na-richard-gir-02.jpg

Се венчаа во 2018 година на интимна церемонија во Шпанија, а подоцна го прославија својот брак во Њујорк.

Тие живеат во хармонија, љубов и заедничка посветеност на хуманитарната работа.

Алехандра, како и Ричард, е активно вклучена во филантропски проекти и раководи со фондација посветена на бездомниците.

Тие имаат два сина заедно.

Александар е роден во 2019 година, а името на вториот син, роден во 2020 година, и понатаму не го откриваат.

Парот пред неколку години ја напушти Америка и живеат во САД.

sakashe-bond-devojka-se-ozheni-so-kjerka-na-svoj-prijatel-koi-se-najgolemite-ljubovi-na-richard-gir-03_copy.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Посвоен син, ќерка што го смета за „пијаница“: Кои се (тајните) деца на Ози Озборн? Ози Озборн има дури шест деца, а оние најстарите велат дека бил лош татко бидејќ...
Татко му доби деца со посвоената ќерка, убил 3 луѓе: Скандалите што го растурија семејството на Илон... Илон Маск веќе неколку години не зборува со татко му и иако проблемите меѓу нив ...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Род Стјуарт ја оставил својата најстара ќерка во дом за сираци – во каков однос е со другите седум д... Род Стјуарт има осум деца од пет различни жени. Првото дете го добил на само 17-...
Животот (и скандалите) на Хулк Хоган: Имал афера со другарка на ќерка му, направил 25 операции, почи... Хулк Хоган кој несомнено е еден од најпознатите борачи во светот, почина на 71-г...

Најчитани неделава