Неугледен моќник кој ѝ го скрши срцето - Кој е мажот што ја испирираше авторката на „Сексот и градот“ за Ѕверката?
- Детали
- недела, 17 мај 2026
Еден од најмоќните луѓе во Њујорк во 1990-тите беше медиумскиот магнат Роналд Галоти. А токму тој ѝ послужи како инспирација на писателката Кендис Бушнел да го создаде ликот на Ѕверката во „Сексот и градот“. Бушнел, лудо го сакаше Галоти, но таа љубов не ѝ беше возвратена.

Една од најепските љубовни приказни во сериите е онаа на Кери Бредшо и Ѕверката во „Сексот и градот“.
И иако едни навиваа за нивната љубов, други сакаа хероината што ја игра Сара Џесика Паркер да заврши со кој било друг освен со него.
Но, Ѕверката и актерот Крис Нот, кој го глумеше овој лик, долго време беа меѓу најсаканите, а истовремено и најомразени личности во телевизиската историја.

Ѕверката беше згоден, шармантен, привлечен - сè она што не е Роналд Галоти, мажот по кој е создаден овој култен лик.
Многумина го сметаат за неугледен, но писателката вели дека поседува магнетизам кој ги воодушевува жените.
Кендис Бушнел
Кој е Роналд Галоти, „вистинскиот Ѕверка“?
Галоти бил најголемата љубов на Кендис Бушнел, авторката на „Сексот и градот“.
Тој е поранешен медиумски извршен директор и потпретседател на Конде Наст.
Помогна во обликувањето на списанијата Vanity Fair и Vogue 1990-тите и го сметаа за дел од медиумската елита на Менхетен во тоа време.
Кендис Бушнел и Роналд Галоти немаа многу романтична и интересна прва средба, како што имаа Кери и Ѕверката во серијата.
Роналд Галоти со Крис Нот
ТВ-хероите се среќаваат на улица во Њујорк откако ќе поминат еден покрај друг, а тој успева да го види нејзиниот „арсенал од кондоми“ меѓу работите расфрлани на тротоар, испаднати од нејзината чанта.
Реалните ликови се запознале на модна ревија.
Во тоа време Галоти го финализирал разводот од својата втора сопруга, а Бушнел штотуку ја лансирала својата, сега позната колумна, „Сексот и градот“ (без ликот на Ѕверката).