Лиам Хемсфорт ја запроси саканата со жолт дијамант - Која е манекенката што му го украде срцето по Мајли Сајрус?
- Детали
- петок, 12 септември 2025
Во јавноста се шпекулира дека парот се гледал уште пред Лиам да се разведе од својата прва сопруга, Мајли Сајрус. А сега, најмалиот од браќата Хемсфорт ѝ даде дијамантски прстен и ја запроси саканата Габриела Брукс.

Манекенката Габриела Брукс повеќе од 4 години е верна придружничка на актерот, но во јавноста се шпекулира дека парот се гледал уште пред Лиам да се разведе од својата прва сопруга, Мајли Сајрус.
Се споменува дури и дека биле заедно во 2019-та година, но тоа никогаш не го потврдија.

Својата врска ја чуваа тајна, но по бројните шпекулации дали се во љубов, а потоа и пишувањата во медиумите дека раскинале, тие се појавија заедно на црвениот тепих во 2022-ра.
Претходно, во 2021-ва споделија прва заедничка фотографија на Инстаграм и со тоа потврдија дека се во врска.

Што знаеме за манекенката што му го украде срцето на австралискиот актер?
Родена е на 18 мај 1996 во Сиднеј, Австралија.

Мајка ѝ е со кинеско-сингапурско потекло, а татко ѝ е староседелец од Нов Зеланд.

Кариерата како модел ја почнала на 14 години.

Студирала на Универзитетот на Сиднеј, археологија и античка историја, но се откажала кога манекенската кариера ѝ тргнала по нагорна линија.

Освен што работи како модел, таа е и актерка, телевизиско лице и инфлуенсерка.

Низ годините се фотографирала за бројни едиторијали и рекламни кампањи за магазини и модни брендови, меѓу кои и Tommy Hilfiger и Calvin Klein.

Актерското деби ги има во 2019-та година, во краткиот филм Unremarkable.

Пред да ја почне врската со Лиам, се гледала со фронтменот на The 1975, Мети Хили.

А. Ј. | Црнобело