Неугледен моќник кој ѝ го скрши срцето - Кој е мажот што ја испирираше авторката на „Сексот и градот“ за Ѕверката?
Тие се забавувале година и пол, а кратко по раскинувањето со Кендис, тој се оженил со сегашната сопруга, Лиза, во 1996-та.
Во меѓувреме го напуштија Њујорк и се преселија во Вермонт.
Сара Џесика Паркер и Кендис Бушнел
Лиза своевремено сподели анегдота од почетокот на врската за New York Magazine, која покажува колку Галоти е сличен со Ѕверката.
„Водевме љубов лудо, страсно. И потоа тој ми рече: „Знаеш она кога трчаш по девет милји? Па, сега треба да почнеш со трчање.“
Го прашав: „За што зборуваш?“, а тој рече: „Мојата поранешна девојка доаѓа за кратко за да си ја земе нејзината облека“,“ раскажала таа.
Во една ситуација, пак, Бушнел раскажала како дошла на идеја да го користи името „Ѕверката“ (Big).
„Тој беше еден од оние њујорчани со голема личност, едноставно го забележуваш штом ќе влезе во просторијата. Го викав господин Ѕверка затоа што беше важна личност“, рекла писателката.
Таа открила и дека Галоти е сестрана личност - дека готви, се занимава со градинарство и е повеќе човек што сака да седи дома отколку да излегува на забави и случувања со многу луѓе.
Наводно, тој никогаш не се налутил што Кендис пишувала за него.
Таа признала и дека била „луда по него“. А раскинувањето била многу болна епизода во нејзиниот живот.
„Мислам дека ослабев четири килограми. Но, во животот сфаќаш дека луѓето сакаат различни работи во врските.
И тоа е во ред. Тој е навистина добар човек, вистина е“.

И Галоти за Бушнел велел дека е „одлична девојка“ во своите интервјуа, но дека не ја сакал.
„Не можам ништо да направам. Нема ништо полошо од тоа кога ти ме сакаш, а јас не те сакам тебе. Се забавувавме одлично, но немаше иднина.
И никогаш не било судено да бидеме засекогаш заедно. Никогаш не сум ја измамил. Никогаш не ѝ реков дека ја сакам“.
Галоти денес гордо ја истакнува својата поврзаност со серијата „Сексот и градот“, и на куќата во Вермонт стои знак на кој пишува „Ранчот на Ѕверката“.
А. Ј. | Црнобело