„Тинејџер во душа“: Мел Гибсон (70) ја бакнува и гушка новата девојка во Рим (откако ја напушти 34 години помладата сопруга)
- Детали
- петок, 15 мај 2026
Ја гушка, ја бакнува, не се дели од неа... Мел Гибсон вљубен како тинејџер се шета со влечки низ Рим, со новата девојка, која е 26 години помлада од него. Актерот и на 70 години не сопира со интензивното темпо на живот.

Во 2025-та година, по 9 години брак, холивудскиот актер Мел Гибсон (70) побара развод од писателката и сценаристка Розалинд Рос (36).


Парот се запозна кога таа беше во раните дваесетти години, а на 26 години таа му го кажа судбоносното „да“ на актерот. Брзо потоа парот го доби синот Ларс.


Но, сега Гибсон повторно е вљубен.
Тој си фати нова девојка, по разводот.

Гибсон, вљубен како тинејџер, беше забележан како ја бакнува италијанската актерка и модел Антонела Салвучи (44) во Рим.
Актерот ужива со 26 години помладата избраничка, а тие и се држат за рака и уживаат во романтична прошетка низ италијанската престолнина.

Гибсон е во бела кошула, фармерки и со бејзбол капа, комбинирани со удобни Crocs влечки, додека Салвучи ја истакна својата фигура во кафеав кожен комбинезон со розова чанта.

Иако фотографиите покажуваат дека парот е во романтична врска, Гибсон тврди дека наводно сè уште е слободен и дека само се збогувал со пријателка пред да се врати во САД.

Во моментот, актерот престојува во Рим поради работата на продолжението на „The Passion of the Christ3, насловено „The Resurrection of the Christ: Part One“.