Леукемија, сообраќајки: „Евровизиската клетва“ што ги следи натпреварувачите (и победниците)
Орс Сиклоси
За разлика од останатите учесници на листата, Орс не победи на Евровизија.
Тој ја претставуваше Унгарија во 2018 година, со неговата група AWS и завршија на 21-то место.
Но, три години подоцна, останатите членови на бендот споделија дека Орс починал од леукемија на само 29 години.
Тие споделија дека кратко пред смртта, тој планирал да го издаде својот прв соло албум.
Нив Каванаг
Нив Каванаг ја претставуваше Ирска во 1993 година и ѝ ја однесе втората од седумте победи на Евровизија.
Во 2010 година Нив повторно се натпреваруваше на Евровизија, но тогаш постигна огромен неуспех – заврши на 23-тото место.
Во 2018-та, пак, додека имаше концерт, нејзиниот сопруг доживеа мозочен удар поради што ја изгубил способноста за говор.
Иако оттогаш ситуацијата му се подобрила, пејачката морала да се откаже од музичката кариера, па почнала да работи како касиерка во супермаркет за да може да му обрне повеќе внимание.
Хорот Alexandrov
Во 2009 година, рускиот хор Alexandrov ја забавуваше публиката додека траеше гласањето кога Евровизија се одржуваше во Москва.
Во 2016 година, хорот требало да настапува во воена база на Русија за време на Божиќ.
Но, воениот авион со кој ги пренесувале се срушил и загинале сите 60 членови.
Спирова С. | Црнобело