Викторија лаже дека е од работничка класа, Дејвид ѝ ги плаќаше милионските долгови: Како Бекамови станаа милијардери?
Дотогаш Дејвид и Викторија имаа изградено мала империја, па таа позајмила уште 30-тина милиони од нивните други бизниси.
Но, Викторија навистина не знаела да управува со нејзините пари и како што откри Дејвид во нивниот документарец на Нетфликс, морал да ја натера да се соочи со ова.
„Викторија многу сакаше растенија. Ова ја чинеше над 70 милиони долари годишно. Исто така имаше најмено човек за да ги наводнува растенијата на кој му плаќаше над 15.000 милиони годишно.
И, ова е само почетокот! Па, морав да ѝ ја кажам вистината, таква каква што е, но не знаев како ќе реагира“, сподели фудбалерот.
Дејвид ѝ рекол дека мора целосно да се промени структурата на бизнисот ако сака да го спаси. Таа, пак, вели дека навистина немала поим од бизнис.
„Беше тешко да ги слушнам овие работи. Не сум одела во бизнис училиште, јас имам искуство во забавната индустрија. Не сфаќав дека сум трошела толку многу пари залудно.
Мислам дека дел од проблемот е што на луѓето околу мене им беше став да ми речат не. Мислеа дека не сум навикната да слушнам не“.
Дејвид признаа дека овој период почнал да паничи бидејќи му станало јасно дека ако не се промени ништо, никогаш нема да ги вратат парите што Викторија ги искористила за брендот. И, постоела и можност да изгубат сè.
Ова ѝ станало јасно и на Викторија.
„Многу милиони беа во црвена зона. Се распаѓав. Се чувствував засрамено, како да сум во дупка“, сподели дизајнерката.
Дејвид признава дека кога се запознале, Викторија била многу побогата од него, па му било навистина тешко кога таа побарала пари.
„Викторија е многу горда жена. Кога се запознавме, таа беше многу побогата од мене. Викторија ја купи нашата прва куќа.
Па, тоа што таа дојде и ми побара пари мене беше тешко и за двајцата бидејќи јас немав толку многу пари за да продолжам да ја финансирам“.
До 2022-ра, брендот на Викторија должеше речиси 60 милиони долари – пари што ако не ги врателе назад, можеле да значат и пропаст за целото семејство.
Но, истата година се случи пресврт, па брендот на Викторија не само што се извлече од долгови, туку имаше и профит.
Значително ѝ помогнала и продажбата од линијата продукти за убавина.
Во меѓувреме, Дејвид, кој е пензиониран од 2013-та, заработуваше од соработки со брендови кои навистина му носат многу пари.
Документарецот што го снимија за Нетфликс само им ја зголеми популарноста, а со тоа се зголемија и приходите од соработките со брендови.
Дејвид исто така основаше и свои помали бизниси, а знаеше и каде да инвестира.
Па, откако се извлекоа од долговите на Викторија, фудбалерот и дизајнерката успеаја да го зголемат, а потоа и да го дуплираат нивното богатство во период од само една година.
Сега вкупното богатство на Бекамови се проценува на повеќе од 1,5 милијарди долари.
Со ова, Дејвид се вбројува меѓу најбогатите спортисти во светот, како и првиот британски спортист кој станал милијардер.
Спирова С. | Црнобело
