Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот на Мик Џегер
По разводот, Бјанка изјави:
„Мојот брак беше завршен на денот на венчавката. Но, иако можеби бил осуден на пропаст уште од почетокот, засекогаш ќе остане запомнет во историјата на рок музиката“.
Што се однесува до аферата со Џери Хол, тој период и таа била со друг маж.
Откако и двајцата ги оставија претходните партнери, почнаа да се појавуваат заедно и во јавност.
Оваа врска беше уште попопуларна од претходната, а Џери Хол имала и донекаде добро влијание врз пејачот.
Таа му помогнала да се ослободи од зависноста од дрога, добија дури четири деца, а се венчаа во 1990-та, во Индонезија.
Сепак, веројатно претпоставувате дека пејачот не се воздржувал од изневерување ни овој пат и по свадбата, ја почна една од неговите најпознати афери.
Од 1991 до 1994 година, Мик Џегер имаше афера со Карла Бруни, но сопругата Џери Хол сепак остана со него.
Беа заедно уште неколку години, но Џери реши конечно да стави крај во 1999-та, откако се дозна дека пејачот имал афера со моделот Лусијана Гименез која останала бремена од него.
Па од Лусијана, Мик Џегер го доби своето седмо дете, а по 23 години и четири деца заедно, и официјално се раздели од Џери Хол.
Сепак, подоцна Џери има изјавено дека не жали:
„Не би променила ништо. Имав прекрасна авантура и четири прекрасни деца. Јас и Мик сме добри пријатели. Голем подвиг е што успеавме да изградиме таков живот“.
По разводот, Мик Џегер почна да се гледа со многу помлади девојки, како моделот Софи Дал која е 34 години помлада од него.
Но, оваа врска не траеше многу, па околу една година подоцна, во 2001-ва тој почна врска со модната дизајнерка Лорен Скот.
За жал, иако траеше повеќе од една деценија, оваа врска заврши со трагедија – во 2014-та, дизајнерката изврши самоубиство.
Мик Џегер се прости од неа со емотивна изјава:
„Уште не можам да разберам како животот на мојата девојка и мојата најдобра пријателка можеше да заврши толку трагично.
Поминавме многу прекрасни години заедно и изградивме заеднички живот… Никогаш нема да ја заборавам“.
Додека Лорен уште беше жива, Мик Џегер ја запозна балерината Мелани Хамрик.
Откако Лорен почина, пејачот се зближи со Мелани и набрзо потоа почнаа врска.
Почнаа да привлекуваат внимание во 2016-та, кога споделија дека заедно добиле дете. Но, доста се зборуваше и за нивната возрасна разлика од 44 години.
Иако многумина прогнозираа дека оваа врска нема да трае, Мик и Мелани уште се заедно, а засега нема ни шпекулации дека тој ѝ бил неверен.
Спирова С. | Црнобело