Ѝ бил идол, имала негови постери, а не знаела дека ѝ е татко: Емотивната приказна на Лив и Стивен Тајлер
- Детали
- сабота, 18 октомври 2025
До својата 11-та година, Лив Тајлер не знаела дека Стивен Тајлер ѝ е татко, без разлика што го обожавала неговиот бенд. Кога отишла на негов концерт и ја здогледала својата полусестра, почнала да се сомнева...

Денес е добро познат факт дека Лив Тајлер е ќерка на фронтменот на Aerosmith – Стивен Тајлер.
Но, до својата 11-та година, актерката мислела дека нејзиниот татко е друг пејач – Тод Рундгрен.
Мајката на Лив, поранешниот модел Беверли (Бебе) Буел, одлучила да ѝ ја каже вистината дури откако ќе наполни 18 години, но Лив самата ја открила вистината многу порано.
Како актерката сфатила дека Стивен Тајлер ѝ е татко?
Кон крајот на 1976 година, Беверли имала кратка афера со Стивен Тајлер и следното лето ја родила Лив.
Во периодот додека била бремена и кога се породила, Беверли била во врска со пејачот Тод Рундгрен.
Иако Тод знаел дека има шанси Лив да не е негова ќерка, во изводот сепак се согласил да биде наведен како нејзин татко, ѝ го дал своето презиме и ја гледал како свое дете.
Беверли направила тест за бременост, но сепак одлучила да не ѝ ја каже вистината на Лив бидејќи Стивен имал проблем со зависност од дрога.
Како што самата има изјавено, со Тод направиле договор тој да биде нејзиниот татко, а да ѝ ја кажат вистината кога актерката ќе наполни 18 години.
Лив го запознала Стивен кога имала околу девет години, на концерт на Тод Рундгрен.
Стивен веќе бил на рехабилитација, и како дел од терапијата, сакал повторно да се види со мајка ѝ Беверли.
Иако Лив немала поим дека ѝ е татко, вели дека веднаш се вљубила во него. Веќе го сакала бендот Aerosmith и имала куп постери од нив, но сега уште повеќе го засакала Стивен.
„Сигурно има некоја хемиска конекција, ДНК или гени. Почувствував многу силна конекција кога првпат го сретнав и потоа брзо сфатив што се случува“, има изјавено актерката.
Во август 1988 година, кога Лив имала околу 10 години, со мајка ѝ отишле на концерт на Aerosmith.
Тогаш, зад сцената, Лив здогледала девојче кое премногу ѝ личи на неа. Девојчето било Миа, ќерката на Стивен Тајлер од неговата сопруга.