Ѝ бил идол, имала негови постери, а не знаела дека ѝ е татко: Емотивната приказна на Лив и Стивен Тајлер
„Ја погледнав и си помислив ’Па тоа сум јас!‘ и беше навистина чудно. Како да гледав во огледало, како да гледав во мојот двојник“, има изјавено актерката.
Таа додава дека дури имале и исти фризури и исти патики.
Во тој миг, Лив почнала да се сомнева.
„Ја погледнав мајка ми и таа почна да плаче. Ја прашав дали Стивен ми е татко“.
Тогаш мајка ѝ ја изнела надвор од концертната сала и ѝ кажала сè.
На почетокот, ни Стивен не бил свесен дека Лив е негова ќерка, иако не е познато кога точно ја открил висината.
Лив и Стивен почнале да се зближуваат, а во 1991 година, актерката си го промени и презимето во Тајлер. Тогаш и светот дозна дека се татко и ќерка.
Низ годините, тие имаа и неколку соработки – актерката се појави во спотот за песната Crazy, додека Aerosmith ја снимија песната I Don’t Want to Miss a Thing за филмот Armageddon во кој глуми Лив.
Но, актерката истакнува дека никогаш не престанал да го сака и Тод, мажот кој ја прифатил како своја ќерка.
Како што вели самата, се чувствува како да има двајца татковци.
„Многу сум благодарна што Тод избра да ми биде татко. Тоа е навистина големо од негова страна.
Иако тој и мајка ми не беа пар, тој отсекогаш ми давал стабилност во животот“.
Што се однесува до Лив и Стивен, тие се мошне блиски, а пејачот дури и бил присутен во породилната соба кога Лив се породувала.
„Никогаш не ни помислував дека ќе се породам во иста просторија со татко ми и сестра ми. Ѝ се јавив на Миа (полусестрата), а таа му се јави на Стивен.
Тој влезе во собата кратко пред да го родам син ми, па дури и му ја пресече папочната врвца“.
Актерката вели и дека Стивен е прекрасен дедо, а поради накитот и ексцентричниот стил, нејзините деца мислеле дека е волшебник.
Спирова С. | Црнобело