Ќерката на Џенифер Лопез го смени името во Оскар за матурата - ќе се запише на колеџ кој ја поддржува ЛГБТ заедницата
- Детали
- понеделник, 01 јуни 2026
Лопез, пред само неколку дена присуствуваше на матурската прослава на Еме, а според американските медиуми, таа беше повикана како Оскар, а не како Еме, да излезе на сцената и да ја земе дипломата.

Џенифер Лопез, која од бракот со Марк Антони ги има близнаците Еме и Макс, уште одамна откри дека нејзината ќерка се идентификува како родово неутрална личност.
Џенифер е голема поддршка на своето дете и во интервјуата не користи родово дефинирани заменки кога зборува за Еме.

Но, се чини дека Еме, која одамна се облекува како момче, сега дефинитивно почна да се дефинира како машко, и на 18 години го смени името во Оскар Муниз.
Лопез, пред само неколку дена присуствуваше на матурската прослава на Еме, а според американските медиуми, беше повикана како Оскар за да излезе на сцената и да ја земе дипломата.

Друштво на Џенифер ѝ правеа мајка ѝ Гвадалупе Родригез, синот Макс, но и Семјуел Афлек.
Семјуел, синот на Бен Афлек и Џенифер Гарнер, кој е во одлични односи со децата на Лопез и по нејзиниот развод со Бен.
Еме е блиска и со Фин Афлек, кој исто како Еме си го смени името, а е роден како девојче, со име Серафина.
Медиумите пишуваат и дека Еме, сега Оскар, ќе се запише на колеџот Сара Лоренс, познат по силната поддршка за ЛГБТ заедницата, а кој има и престижна програма за млади уметници од сите области.
А. Ј. | Црнобело