Ја маѓепса Цеца на вечера во Белград, гласини за афера со Микеле Мороне - Сите бивши љубови на Симоне Сузина
- Детали
- недела, 07 јуни 2026
Симоне Сузина е еден од најпосакуваните италијански актери и модели.. И иако често го поврзуваат со различни жени (дури и се прашуваа дали „паднал на 20 години постарата Цеца), тој вели дека во моментов е сингл.

Најубавиот Италијанец, моделот и актер Симоне Сузина неодамна беше во Белград, а таму отиде и на вечера со Цеца Ражнатовиќ.
Фолк-дивата сподели фотка со Сузина, по што веднаш почнаа прашањата дали помеѓу нив се појавиле „искри“, дали Сузина „паднал“ на 20 години постарата пејачка или вечерата била само деловна.
Сите овие коментари се поради фактот што Симоне важи за голем заводник на кој жените не можат да му одолеат.

И иако често се пишува дека е во љубовна врска со некоја девојка, тој ги негира гласините.
Во моментов, Симоне е еден од најпосакуваните италијански актери и модели, а тој вели дека е сингл.

Кои се девојките (ни и мажот кој наводно) му го украдоа срцето на Италијанецот?
Неговата најдолга и најстабилна јавна врска е со венецуелската манекенка и ТВ-ѕвезда Маријана Родригез.
Нивната романса траеше од 2015 до 2017 година, а двојката често се појавуваше заедно на јавни настани.
Тие изгледаа многу заљубени, па затоа нивното раскинување изненади многумина.
По раскинувањето со Родригез, медиумите често го поврзуваа со различни убавици.
Во 2020 година, тој беше повторно поврзуван со познати модели, меѓу кои шпанската манекенка Ана Моја Калзадо и Лиза Маку, модел со украинско-сириско потекло.
