Ја маѓепса Цеца на вечера во Белград, гласини за афера со Микеле Мороне - Сите бивши љубови на Симоне Сузина
Летото 2023 година го обележа со неговата романса со познатата бразилска пејачка Анита.
Тие прво се појавија заедно на финалето на Лигата на шампионите, а потоа и на модната ревија на Dolce & Gabbana во Италија.

Потоа следеше заеднички одмор во Грција, а нивните пријатели објавуваа заеднички фотографии на Симоне и Анита на социјалните мрежи.
Врската не траеше долго и заврши на крајот на година.
„Не се гледам со никого, сингл сум. Ја завршувам промоцијата и работам на нови песни“, изјавила Анита по враќањето во Бразил од европски одмор.
Оваа изјава тогаш дополнително ги разгоре гласините за раскинување, особено што неколку медиуми пишуваа дека тие се искарале на забава, јавно.
Иако Сузина никогаш не потврди, израелската манекенка и актерка Еден Фајнс тврдеше дека била во врска со него кон крајот на 2022 и почетокот на 2023 година.
Таа рече дека се запознале преку Инстаграм, а потоа се сретнале во Париз, каде што и биле фотографирани заедно.
„Излегувавме, но не ни успеа. Само гледање со некого и сериозна врска не се исто. Мислам дека некој мора да вложи многу труд за да се заљуби личност како мене“, рекла таа по наводното раскинување.
Но, ниедна од овие врски не беше толку јавна, како гласините дека има афера со актерот Микеле Мороне, со кого Сузина глумеше заедно во филмот 365 Days.
Брзо по премиерата се појавија гласини дека двајцата се многу повеќе од колеги и пријатели.
Симоне сподели и заедничка фотка на Инстаграм, на која се прегрнуваат и иронично напиша: „Јас сум лажливец“, алудирајќи на гласините што се ширеа на социјалните мрежи.

А. Ј. | Црнобело